Зошто јапонските деца се послушни: Методи на воспитување што го воодушевија светот

Силни семејни врски

Постарите не им викаат на помладите и не ги критикуваат, туку им пренесуваат мудрост

Јапонија е земја на која многумина и’ се воодушевуваат од повеќе причини, а една од најголемите е начинот на воспитување деца. Карактерот на Јапонците не престанува да го воодушевува светот. Сите сме чуле колку се упорни, истрајни, прибрани и комуникативни. Исто така, познати се по својата почит кон другите и исклучително напорна работа.

Такви се затоа што такви биле и како деца. Децата од Јапонија многу се разликуваат од децата од Западот. Одмерени се и убаво се однесуваат, ги слушаат своите родители и никогаш немаат изливи на бес. Во што е тајната?

Јапонците многу ги ценат семејните врски

Блискиот однос меѓу членовите од семејството од различни генерации е нешто што ги прави Јапонците многу посебни. Таа врска помеѓу постарите и помладите се заснова на длабоко сочувство и меѓусебна грижа, каква што, за жал, не може да се види многу често во светот. Старите луѓе во Јапонија се сметаат за извори на мудрост и заслужуваат посебно внимание и почит.

Од друга страна, старите луѓе имаат многу трпение и љубов за младите. Старите Јапонци се однесуваат како ментори, а не како критичари и казнувачи. Тука лежи клучот за хармонија помеѓу генерациите.

Јапонците ги ценат и почитуваат сите свои роднини. Истовремено, имаат многу строги граници. На пример, се смета за неприфатливо бабата и дедото да ги чуваат внуците затоа што родителите немаат доволно време. Семејните врски во Јапонија не се засноваат на размена на услуги, туку на верувањето дека се’ на овој свет си има свое место.

Разбирање на родителството

Повеќето семејства во Јапонија веруваат дека родителството треба да се заснова на сочувство и разбирање. Викањето на детето во Јапонија се смета за остра казна. Јапонците веруваат дека со тоа што одбегнуваат да ги казнуваат децата им помагаат да се поврзат со светот и да ги почитуваат туѓите чувства.

Ако детето се однесува лошо, мајката и таткото го казнуваат со поглед или со гест на неодобрување. На тој начин покажуваат дека таквото однесување е неприфатливо. Фразите од типот „ќе го/ја повредиш“ или „ќе се повредиш“ ги користат за да укажат на погрешното однесување и на последиците, а не туку-така.

Истото правило се применува и за предметите. На пример, ако детето скрши играчка, родителот ќе каже „погреши“, а не „ја скрши играчката“. Јапонците го нагласуваат значењето на делата, а не функционалноста на предметите. Затоа децата уште во раното детство учат да бидат свесни за се’ во секоја ситуација и да водат сметка за се’ околу себе.

Најголемата тајна е – слободното време

Јапонците своето слободно време го поминуваат со децата. Учењето не го сметаат за засебна активност, туку се’ прават заедно. Најважно им е да изградат силна врска со децата.

Во Јапонија многу е ретко мајката да го запише детето во градинка ако не наполнило барем три години. Јапонките ги водат своите деца буквално секаде, бидејќи веруваат дека таквата физичка блискост создава длабоки и силни врски. Исто така, веруваат дека близината на мајката ја смирува душата на детето. Мајките во Јапонија многу внимаваат да разговараат доволно со децата.

Односот со таткото, бабата и дедото е многу сличен. Во Јапонија семејствата редовно ручаат и вечераат заедно, разговараат и си прераскажуваат што им се случило во текот на денот.

Семејните приказни често се повторуваат на маса и така во детето се всадува чувство на припадност и идентитет, но и важноста на вербалната комуникација.

Тоа е главната причина зошто децата од Јапонија не прават сцени. Растат во опкружување каде што можноста за непријатни изненадувања е сведена на минимум, а љубовта никогаш не им недостига.

Растат свесни дека постои ред што треба да го почитуваат, како и дека секоја личност има свое место и улога. Тоа им го смирува умот, ги прави одмерени и им помага да сфатат дека нема потреба од агресивно искажување емоции.

ФОТО: Pixabay

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време