Знаци дека вашето дете има проблем со менталното здравје

Повеќето родители имаат силна и инстинктивна потреба да го заштитат сопственото дете, и истовремено да одговорат на неговите / нејзините потреби.

Кога станува збор за физичкото здравје, на повредите и видливите промени во телото е многу полесно да се реагира. Но, тие внатрешни ментални заболувања е многу потешко да се забележат. Тие најчесто се манифестираат преку однесувањето на детето во училиште, во однос со другите ученици, наставници и преку оценките. Истражувањата велат дека едно од пет деца е под влијание на некои емоционални нарушувања или однесување. Многу родители често забележуваат дека нешто не е во ред, но причината и начинот на кој треба да се справат со тоа останува мистерија.

Како да препознаете дека нешто не е во ред?

Лекарот, пријателите, најблиските и семејството можат да ви кажат дека е фаза. Меѓутоа, ако сметате дека оваа „фаза“ трае предолго и ако не е поврзана со големи животни промени како што се загуба на некој близок, развод на родители, преселување итн., контактирајте експерти. Ви ги пренесуваме симптомите и однесувањето што може да покажат дека нешто не е во ред:

  • Вашето дете има тешкотии на училиште што претходно ги немало
  • Вашето дете злоупотребува или малтретира други ученици
  • Вашето дете се самоповредува
  • Вашето дете избегнува пријатели и роднини
  • Вашето дете има чести промени на расположението
  • На вашето дете му недостасува енергија и мотивација
  • Вашето дете има проблем со концентрацијата
  • Вашето дете има проблеми со спиењето и чести кошмари
  • Вашето дете јаде многу повеќе или многу помалку отколку порано
  • Вашето дете ја занемарува хигиената и не се грижи за изгледот
  • Вашето дете премногу се грижи за изгледот и сопствената тежина.

Ако забележите еден или повеќе од овие симптоми, прво консултирајте се со професионалец. Запомнете дека менталната болест и тешкотиите не се резервирани само за возрасните и дека не треба и не смее да се срамите од нив.

Прочитајте и: Еве како да го „прочитате“ вашето бебе според изразот на лицето

 

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.