Здраво дете се разбудило парализирано: Мајката се шокирала кога ја дознала причината!

Апел до сите родители!

Очајната мајка им порачува на родителите да внимаваат за да не поминат и нивните деца низ истата агонија како нејзината ќерка

Мајката Џесика Грифин од Мисисипи ги предупредила родителите на стресната ситуација што ја доживеала со својата петгодишна ќерка откако ја гризнал крлеж!

Мајката го будела девојчето за на училиште, но тоа не можело да ги придвижи нозете. Помислила дека само нозете и’ се згрчени, но тогаш забележала дека ќерката едвај говори. Почнала да ја прегледува и на главата нашла крлеж. Веднаш отишла во ургентен центар, каде што лекарите заклучиле дека девојчето било парализирано поради крлежот. Парализата била предизвикана од невротоксинот што се наоѓа во инсектот.

За да ги предупреди родителите на опасноста од крлежот, Џесика јавно ја споделила нејзината приказна на Фејсбук и апелирала до родителите да ги прегледаат своите деца. Претходната вечер, девојчето се однесувало потполно нормално, биле надвор, мајката ја избањала и и’ ја измила косата, но не го забележала крлежот. Проблемот настанала утрото кога требала да се разбуди за на училиште.

„Почнав да ја чешлам и да и’ врзувам опавче кога забележав дека едвај зборува. Кога и’ ја подигнав косата, го здогледав крлежот. Веднаш му се јавив на сопругот, кој е во Ирак. Ми кажа да го ставам крлежот во кесичка и веднаш да одам во ургентно, а тоа и го направив“, раскажала мајката.

Девојчето било задржано во болница на надгледување, а лекарите објасниле дека ќе почне да заздравува по 12 до 24 часа и така и се случило.

„Ве молам прегледајте ги вашите деца и проверете дали имаат крлежи“, апелирала мајката.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време