Врската меѓу мајката и ќерката е незаменлива: Реченици што мора да и’ ги повторувате на вашата ќерка

Подгответе ја вашата ќерка за светот!

Мора да ги чуе од вас следниве неколку реченици

Иако ви делува неверојатно, вашето девојче еден ден ќе порасне во прекрасна млада жена која храбро ќе чекори кон своите соништа! А за да ја подготвите за тој пат, постојат зборови што мора да и’ ги повторувате додека расте и се развива.

За да можат храбро да се соочат со животот, ќерките мора да ги чујат следниве реченици од своите мајки…

1. „Колку и да е тешко, ќе помине“

Понекогаш нивните проблеми делуваат бесмислени, бидејќи нашите се неспоредливо поголеми, но тие тоа многу тешко го поднесуваат. Затоа, многу е важно да им покажете разбирање и да им објасните дека секој тежок период ќе помине, а потоа, се’ ќе биде полесно и поубаво!

2. „Никој не може да ти го одземе знаењето“

За да порасне во успешна жена, вашата ќерка мора да научи дека знаењето што го стекнува е драгоцено, дека тоа многу ќе и’ значи во животот и дека благодарение на него, еден ден ќе ја има работата од своите соништа. Многу е важно кај детето да се развие свеста и интересот за учење, за навреме да се подготви за образовниот процес, кој е составен дел од растењето и созревањето.

3. „Верувам во тебе“

Морате да и’ покажете дека верувате во неа, бидејќи тоа ќе и’ биде посебен вид мотивација!

4. „Верувај во себе“

Една од најважните лекции за секое девојче е онаа за самопочитта. Мора навреме да ја научите да се сака и почитува себеси и секогаш да се бори за својот став!

5. „Се гордеам со тебе“

На вашата ќерка особено важно и’ е да ја направи својата мајка горда и среќна, затоа не заборавајте одвреме-навреме да и’ давате до знаење дека сте горди на секој нејзин успех, а особено на тоа каква личност станала.

6. „Биди тоа што си“

Мора да ја научите да не се менува за никого, дека е прекрасна токму таква каква што е дека токму затоа вреди!

7. „Те сакам!“

Вашите ќерки ја чувствуваат големината на вашата љубов, но не заборавајте одвреме-навреме и да им кажете дека ги сакате. Тоа многу ќе им значи!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.