Времето поминато во изолација им го посветила на најмладите: Марго Роби им чита на вашите деца! (ВИДЕО)

Убав гест

Убавата актерка решила да го искористи времето во изолација за, барем накратко, да ги забавува децата кои моментално не одат на училиште

Ѕвездата од филмот „Си било еднаш во Холивуд…“ Марго Роби, се наоѓа во самоизолација, како и повеќето од нас. Нејзините колеги музичари решија од своите домови да прават концерти за своите обожаватели, бројни актери и спортисти испраќаат апели да се седи дома поради глобалната пандемија, додека популарната актерка се сетила на нешто малку поинакво.

Таа во видео што го објавила на својот инстаграм-профил апелирала да им се помогне на загрозените деца во САД, кои единствените оброци ги добиваат на училиште, а тие се сега затворени.

Марго, затоа, одлучила на децата преку видеа да им прочита бајка. Актерката чита на англиски, па ете добра можност и за учење јазик.

https://www.instagram.com/tv/B9-Qs1tDp_K/?utm_source=ig_embed

Со оглед на тоа што се мали, вашите деца веројатно не знаат која е Марго Роби, но еден ден ќе можете да им кажете дека некогаш одамна, во некои луди времиња, холивудската актерка им прочитала приказна за добра ноќ.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.