Во 1980-те родителите им ги дозволуваа овие работи на децата: Денес, сите би рекле дека не се нормални!

Се сеќавате?

Дали се сеќавате на веселите 1980-ти? Дали тогаш сте биле родител или дете?

Не станува збор за тоа дека родителите од 1980-те биле невнимателни или неодговорни. Но денес, родителите имаат поголем пристап до информации и најнови истражувања за разлика од нивните родители. Иако често изгледа дека детството тогаш било безгрижно, на поголемиот дел од денешните родители им се крева косата на главата од родителскиот стил од периодот во 1970-те и 1980-те години.

Ова се осумте работи што родителите им ги дозволуваа на децата во 1980-те години:

1. Децата сами остануваа дома и по неколку часа додека родителите се на работа или кај пријателите. Децата често сами си правеа ручек и ги извршуваа домашните обврски, па дури потоа одеа на училиште, додека родителите беа на работа.

2. Шлемови за велосипед? Што е тоа? Децата слободно возеа велосипед и никој не носеше никаква заштита, ни на колената ни на главата.

3. Децата се возеа во автомобили без специјални седишта за нив – кои не ни постоеја тогаш. Децата често не беа ни врзани на задното седиште, а некои родители ги држеа во скут додека возеа.

4. На децата им беше дозволено да си играат, каде било и со кого сакаат! Се сеќавате ли на оној момент кога веднаш по будењето излегувавте од дома, играта ве понесување, па се враќавте дома дури за вечера – бидејќи знаете дека ако се вратите за ручек, родителите ќе ве прашуваат каде сте биле. Вака ја имавте сета слобода да одите каде сакате и да се играте со што и со кого сакате.

5. Родителите не обрнуваа големо внимание на тоа што јадат децата и колку јадат. Денес мајките се опседнати со тоа да им приготвуваат здрава храна на децата и да не претеруваат децата со нездрава храна. Претходно не постоеше ова.

6. Децата можеа да пијат вода директно од чешма и од градинарско црево. Денес родителите се плашат од фактот дека водата од чешма не е доволно здрава, па на децата им даваат филтрирана или флаширана вода. Децата по парковите носат шишенца со вода, а водата од градинарско црево не доаѓа предвид. Не сме сигурни ни дали децата денес знаат да пијат вода од црево?!

7. Постарите деца ги чуваа помалите деца. На пример, шестгодишно дете го чуваше помалиот брат или сестра. Денес, тоа не доаѓа предвид. Само возрасни и одговорни личности можат да чуваат деца.

8. Децата можеа да гледаат што сакаат на телевизија. Честопати, целото семејство гледаше насилни филмови, хорор и романтични филмови. Па така, не постоеја граници за децата по ова прашање.

10 знаци дека сте добро воспитани: Вашите родители знаеле што прават!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.