Вака се викале старите Словени: Најубавите имиња на нашите предци!

Инспирација!

Ако сакате да му дадете необично и моќно име на вашето дете што ќе го обележи неговиот живот, прочитајте ги овие предлози

Според словенската традиција, детето станува член на заедницата кога ќе наполни седум години. Се случувало тогаш, за време на обредот на неговото воведување во светот на возрасните, да добие и ново име што ќе одговара на неговиот карактер, особини или квалитети што родителите и племето ги виделе во него.

Дури и кога детето немало некакви изразени особини, добивало „славно“ име што требало да го потсетува на особините што ги нема, но кон кои би требало да се стреми.

Токму затоа, кај старите Словени најчести биле таканаречените „двочлени имиња“, составени од две пожелни особини или карактеристики. Ова се некои од тие имиња…

Машки словенски имиња

Белослав – белина, симбол на чесност, а „слав“ означува Словен

Вишеслав – да биде пославен од предците

Гостерад – гостољубив

Дарко – оној што дарува

Жирослав – во чест на дабот кој бил свето дрво кај старите Словени

Зор – сила, моќ

Ивша – словенско свештено дрво (оттука се изведени и имињата Ивко, Иво…)

Јарослав – оној кој го слави богот Јарила

Перун – старословенски бог на громот, врховен бог

Женски словенски имиња

Борислава – жена воин

Витомирка – мирољубива господарка, моќница

Градислава – онаа што гради слава

Далиборка – далечна борба

Људмила – онаа што им е мила на луѓето

Младенка – секогаш да биде младолика

Озренка – онаа што има остар поглед

Светлана – светла, чиста душа

Чедна – чиста, чесна

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.