Вака несвесно ја уништувате самодовербата на детето: Веднаш престанете да ги изговарате овие 5 реченици!

Родителство

Фото: Guliver/Getty Images

Заборавете на овие реченици

Зборовите можат да прободат полошо и од меч, па затоа внимателно и грижливо употребувајте ги, особено кога комуницирате со деца. Иако ви се чини дека се наивни, некои реченици може да остават длабоки последици и да ја нарушат самодовербата на детето. Никако не им го кажувајте го ова на вашите деца…

1. „Ако не престанеш, ќе те оставам тука!“

Заплашувањето со напуштање за да го постигнете она што го сакате, не е средство што целта го оправдува. Грижливите родители нема да го користат тоа. Детето мора во секој момент да се чувствува заштитено покрај родителот.

2. „Зошто не си како брат ти/сестра ти?“

Никој не сака да го споредуваат со другите во негативен контекст. Ова прашање е одличен начин на создавање комплекси кај детето и на нарушување самодоверба.

3. „Јас како што ќе кажам-така. Ете зошто!“

И децата заслужуваат објаснување.

4. „Остави, јас ќе го направам!“

Децата мора да научат да ги користат своите сили и способности, така ќе стекнат самодоверба.

5. „Не си доволно добар/добра“

Ако отворено му зборувате или му сугерирате на детето дека не е доволно добро, тоа така и ќе се однесува. Ако веќе морате да го прекорите, кажете му дека тоа што го направило е лошо.

Стимулацијата го подобрува развојот на интелигенција кај децата
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.