Тие сметаат дека детето ја одбира мајката што ќе го роди: Зошто целиот свет им се воодушевува на Абориџините за тоа како ги воспитуваат децата?

Тие се во центарот на семејството и селото

Штом ќе пристигне новороденче во заедницата, тоа станува центар на случувањата и сите членови на групата го опсипуваат со многу внимание и љубов

Многу антрополози ги прогласиле австралиските Абориџини за најпедоцентричното општество што постои на светот.

Штом ќе пристигне новороденче во заедницата, тоа станува центар на случувањата и сите членови на групата го опсипуваат со многу љубов и внимание. Целиот клан непрестајно им помага на родителите, па дури и да ги изгуби родителите по некоја несреќна случајност, детето не чувствува толку голема загуба, бидејќи постои голема блискост помеѓу него и сите луѓе што го опкружуваат.

Самото зачнување на детето, според традиционалното верување, се одвива во „периодот на соништата“. Всушност, со сексуален однос се зачнува само физичката материја на детето, додека неговата душа се зачнува во соништата.

https://www.instagram.com/p/BbAyNAIBJVY/?utm_source=ig_embed

Абориџините веруваат дека нероденото дете го јавува своето присуство уште пред зачнувањето, било во форма на визија, сон, необична случка или, на пример, преку болести предизвикани од исхраната.

Новиот живот кој одбрал да влезе во женското тело е целосно независно битие, кое потекнува од далечното минато и живее во длабочините на водите. Според верувањето, детето-дух е со големина на човечки прст, има споени ножни прсти, а телото му е покриено со влакна. Многу е паметно, може да биде и опасно, но не и за идните родители.

Воспитувањето на детето и неговата подготовка за животот во заедницата започнува уште пред раѓањето. Трудниците имаат обичај да разговараат со плодот во матката, пренесувајќи му традиционални знаења, обичаи, семејна историја, митови, а продолжуваат со таа пракса и откако детето ќе се роди.

https://www.instagram.com/p/cXSMK4Hmx3/?utm_source=ig_embed

По породувањето, мајката ја зема постелката и ја закопува во земја. Тоа парче земја е единственото што ќе го поседува детето кога ќе порасне, и тоа станува таканаречено „мајка земја“.

Името на детето обично му го даваат бабите и дедовците, кои му посветуваат голем дел од своето време. Абориџините никогаш не им даваат повод на децата ниту за најмал плач, настојувајќи да им обезбедат сѐ што ќе посакаат.

Доењето трае од три до пет години, но тоа не претставува преголем товар за мајката, со оглед на тоа што во доењето учествуваат бројни женски роднини, која и да се затекне во близина. Дури и повозрасни жени, особено бабите, го дојат детето со бистрата течност што жените ја произведуваат по менопауза.

Правила на воспитување според древна тибетска метода: Вака децата ќе ве почитуваат цел живот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.