Течење на носот кај децата: 7 едноставни но ефикасни рецепти

Во случај на затнат нос, загревање само ја засилува отеченоста на слузокожата, а како последица на тоа се стеснува преминот на максиларните синуси, па истекувањето на содржината може да биде отежнато.

Ринитисот, или течење на носот, е предизвикан од вируси и лесно се пренесува кај децата, особено напролет, кога имунитетот е кревок. Ви предлагаме неколку проверени методи за лекување на овие тегоби, а во нивната основа има само природни компоненти.

1 Лажиче мед растворете во две лажици зовриена вода. На чкорче од кибрит намотајте вата, натопете го во растворот и држете го во носот 20 минути (во двете ноздри). Доколку на детето му пречи тоа, тогаш прво во едната, па во другата ноздра.

2 Ова е погодно за деца од три години. Изгмечете едно чешне лук, прелејте го со две лажици топла превриена вода и оставете го поклопено 40 минути. Потоа исцедете го и брзо капнете во едната, па во другата ноздра. Пожелно е пред капките да го намачкате носот со вазелин.

3 Капнувајте во носот по три–пет капки свеж сок од листови од каланхоја, два-три пати на ден. Или во секоја ноздра капнувајте по три–пет капки свеж сок од алое, четири-пет пати дневно. Зафрлете ја главата наназад и, откако ќе капнете од сокот, масирајте ги ноздрите.

4 Помешајте 30 г масло од кучешки трн, 20 г свеж невен, 15 г растопен какао-путер, 10 г мед и 5 г прополис, со тоа натопете вата и држете ја во носот 20 минути.

5 Штом ќе почне носот да тече, детските стапала премачкајте ги со слој сенф и замотајте ги со фланел. Потоа на детето облечете му волнени чорапи и држете му ги колку што е можно (обично час-два). Кога ќе му ги соблечете, некое време детето нека оди брзо. Најдобро е овој совет да го применувате пред спиење.

6 Во случај на хронично течење на носот, ситно исечете лист алое и помешајте го со исто количество креда (калцит), па оставете да отстои пет часа. По две-три капки од загреаниот препарат капнувајте во носот три-четири пати дневно.

7 При долготрајно течење на носот направете вреќичка од ленена ткаенина и во неа ставете тврдо варена каша од просо. Вреќичката ставете ја на носот така што ќе ги прекрие максиларните синуси. Држете ја додека е топла. Наместо просо, може да се користи и загреана сол.

Текст: Олеса Владимировна Бутузовна, педијатарка

Извор: Руски доктор

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.