Тајните на генетиката: Еве што наследува бебето од мајката, а што од таткото!

Дали сте знаеле?

Научниците објаснуваат од што зависи чии гени ќе наследи детето

Гените некогаш навистина знаат да си поиграат. Научниците тврдат дека изгледот на бебето зависи од бројни генетски предиспозиции. Ова се најчестите заблуди и дилеми на родителите:

Момчињата личат на мајките, а девојчињата на татковците

Во народот постои мислење дека момчињата личат на мајка им, а девојчињата на татко им. Сепак, науката го потврдува тоа само делумно. Точно е дека момчињата наследуваат еден Х хромозом кој директно влијае врз надворешниот изглед на детето. Кај девојчињата, работите се поинакви. Тие добиваат по еден хромозом Х и од мајката и од таткото, па еднакви се шансите на кого ќе личи.

Какви очи ќе има бебето?

Родителите често се прашуваат какви очи ќе имаат нивните бебиња. И тоа исто така зависи од генетските предиспозиции. Поголема е веројатноста дека бебето ќе има сини очи ако и двајцата родители имаат сини очи. Ако едниот родител има темни или кафени очи, а другиот сини, во повеќето случаи, бебето ќе има кафени очи, бидејќи тоа е доминантниот ген.

Колку високо ќе биде детето?

Дури и ако родителите се ниски, детето може да ја надмине нивната висина. Тоа секако зависи и од исхраната во детството и од внесувањето калциум и други витамини. Исто така, ако детето го запишете на кошарка или на некој друг спорт, поголема е веројатноста дека детето ќе се развие и ќе ја надмине висината на родителите.

Каква боја на коса ќе има детето?

Бојата на коса зависи од тоа чиј ген ќе преовлада. Ако и мајката и таткото имаат светла коса, и детето ќе има таква боја на коса. Децата од нашите простори генерално имаат посветла коса во детството, а подоцна косата им потемнува. Нијансата на коса што се формира по дванаесеттата година, останува доминантна до староста. Од родителите детето ја наследува и формата на косата, кадриците, брановите, локните…

Поигрување со генетиката: Зошто децата не личат на своите мајки?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.