Свекрва од пеколот: Мајка на три деца ги шокирала сите со ова видео – однесување за осуда!

Ау!

Оваа корисничка на ТикТок често објавува видеа на кои го имитира однесувањето на својата свекрва, но едно видео ги шокирало сите

Познато е колку е проблематичен односот помеѓу свекрвата и снаата, а една жена од Америка открила дека не може да пронајде заеднички јазик со нејзината сопруга од повеќе причини, пред сѐ поради нејзината нарцисоидност и нејзиното мешање во начинот на кој ги воспитува децата.

Таа ги шокирала корисниците на ТикТок кога покажала како нејзината свекрва реагира на веста дека ќе добие внуче.

Имено, кога го видела ултразвукот на своето неродено внуче, свекрвата наводно разочарано го тргнала погледот и дури и се преправала дека ќе поврати.

Мајката на три деца го објавила тој момент на ТикТок. Погледнете го видеото ТУКА.

„Да, се преправаше дека повраќа и дека воопшто не сум бремена“, напишала во описот.

Таа тврди дека не се согласуваат, бидејќи свекрвата се обидува да го контролира животот на син ѝ и ги плетка нејзините прсти во воспитувањето на нивните деца.

Американката вели дека тука не станува збор за карактерни недостатоци, туку за потполно непримерно однесување.

„Користењето солзи за манипулација на членовите на семејството и контролирањето на секој аспект од животите на децата откако се венчале и основале семејство, не е нешто што доаѓа со годините“, рекла таа во едно видео.

Но тоа не е сѐ!

Семејството одлучило да го ограничи времето што децата го поминуваат баба им, бидејќи ги загрозила за време на пандемијата на коронавирус.

Имено, таа ги поканила својот син и штотуку родениот внук во посета иако морала да биде во самоизолација поради коронавирусот. Погледнете го видеото ТУКА.

Дури и нејзиниот син бил шокиран и ѝ кажал да не доаѓа веќе толку често во посета.

Каков е животот со млада свекрва која има само 43 години: „Тоа е посебен круг во пеколот!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.