Секое дете им е карма на родителите: Ништо не е случајно!

Кармата не е секогаш лоша работа

Детето е како машина што ве турка напред и кога немате сила, која ви покажува за што сè сте подготвени

Секој човек доаѓа на овој свет со специјална, единствена мисија. Додека го живее својот животен пат, човекот ја исполнува својата мисија, но влијае и врз животот на своите родители.

Да, тоа мало човече може да ве научи многу работи. Тоа ќе ве врати на вистинскиот пат. Ќе ве зајакне. Доаѓањето на детето радикално и засекогаш ќе ви го промени животот.

Од друга страна, родителите се склони детето, односно неговата личност и однесување, да го гледаат како свој товар, казна за нешто што направиле во младоста, наместо да ги ценат сите убавини што ги носи потомството.

Ако еден стар човек искрено го согледа својот живот и го анализира, сигурно ќе ги види сите успеси и победи, кои никогаш не би ги постигнал кога не би имал дете, без разлика дали станува збор за промена на неговиот карактер или успех во кариерата што бил мотивиран од детето, или пак нешто трето.

Детето е како машина што ве турка напред и тогаш кога немате сила, која ви покажува за што сте подготвени. Колку љубезни, трпеливи и несебични умеете да бидете.

Децата честопати им отвораат нови животни погледи на родителите. Кога родителот подобро би размислил и би сослушал, веројатно би сфатил дека детето е во право.

Детската душа ги одбира родителите кои мислат дека не умеат да дадат љубов, токму за да ги увери во спротивното.

Размислете: колку помудри сте станале откако сте се оствариле како родители?

Ако вашето дете не живее повеќе со вас, ако вашиот однос е нарушен, размислете каде сте погрешиле, што не сте сослушале, што не сте разбрале. Никогаш не е доцна да разберете.

Ако имате болно дете, тоа е животна лекција што ќе ве направи посилни. Ќе ве научи да уживате во животот, во секој ден, што и да се случува. Да ја гледате среќата и во најмалите нешта. Таквото дете е посебен дар. Со позитивни мисли, тоа ќе оздрави и заедно ќе уживате во плодовите од најважните лекции што сте ги научиле.

Психички силното дете ги поседува овие три особини: Тие се најголемиот родителски успех!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.