Сè што во Јапонија е нормално, кај нас е чудно: Вака се воспитуваат деца кои потоа стануваат луѓе за пример

И тие самите се чудат

Јапонија е земја полна со изненадувања за странците. Таму учебната година не почнува на крајот од летото, туку во април, а завршува во март

Среќниците што имале можност да ја посетат Јапонија, целиот живот остануваат под позитивни импресии. Во Јапонија сè е поинакво за разлика од другите училишта во светот. Еве што треба учениците да прават и почитуваат:

  • Децата од прво до шесто одделение одат во нижо основно училиште. Составот во класовите секоја година се менува, како наставниците така и учениците, за да имаат можност да запознаат нови лица.
  • Сите основци имаат слични чанти кои се викаат „рандосер“. Во најконзервативните училишта, девојчињата носат црвени, а момчињата црни.
  • Многу првачиња носат жолти шеширчиња за да бидат препознаени од далеку.
  • Во некои училишта учениците се одговорни за одржување на хигиената во школото. По часовите, секој клас си ја средува својата училница, а одделенските редари ги чистат тоалетите и дворот.
  • Учениците преобуваат бели влечки (увабаки). Дури и родителите кои ги посетуваат во училиштето мораат да ги собујат чевлите што ги носеле на улица.
  • Во вишо основно училиште се запишуваат по шесто одделение, и тоа трае три години. Тука повеќето ученици почнуваат да носат униформи.
  • Во некои училишта девојчињата мораат да носат кратки здолништа и доколенки, а хулахопките не се дозволени.
  • Правилата на облекување и изглед се строги. Во повеќето училишта момчињата не смеат да носат бакенбарди. Тие им се дозволени само на наставниците.
  • Во многу училишта на девојчињата не им е дозволено да се шминкаат. Во училниците има шишенца мицеларна вода за ако некое од нив сепак го прекрши правилото.
  • Речиси половина од училиштата инсистираат девојчињата да носат права црна коса, а оние што немаат таква коса, мораат да докажат дека не ја бојосувале или виткале. Потврдата ја потпишуваат родителите.
  • Средното училиште трае од 10 до 12. одделение, а во десетто се преминува со полагање приемен испит.
  • Средношколците имаат задолжителни и изборни предмети. Во задолжителните спаѓа и едногодишното посетување настава по домашна економија, каде што младите се подготвуваат за семеен живот.
  • Меѓу другото, во изборните предмети спаѓаат и риболовот и земјоделството.
  • Во речиси секое училиште, директорот еднаш месечно им се обраќа на учениците/
  • Покрај тоа што го проверуваат знаењето, професорите проверуваат и дали учениците внимателно го бележат предавањето. Од учениците се очекува да го запишат секој збор што им го диктираат.
  • Една мајка напишала дека на ќерка ѝ ѝ купила гумичка за бришење, но на девојчето му било забрането да ја користи затоа што била бела.
Што можат да нѐ научат 90-годишниците од Јапонија за долг и здрав живот?
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.