Родители, треба да го знаете ова пред да го запишете вашето дете на училиште
Кога запишувате дете во прво одделение во основно училиште, подобро е да бидете сигурни дека е најстаро отколку најмало, според најновото истражување поврзано со ова прашање.
Според истражувањето објавено во „The New England Journal of Medicine“, децата кои рано се запишуваат на училиште имаат 30 проценти поголема веројатност да станат хиперактивни во споредба со нивните постари врсници.
Според Центарот за контрола и превенција на болести, процентот на ученици со дијагностициран хиперактивно нарушување во одреден момент од животот се зголемил за скоро 38 проценти во периодот од 2003 до 2016 година.
Затоа експертите предупредуваат дека родителите треба да сторат сè што можат за да му помогнат на детето да ја надмине ситуацијата како најмлад во своето одделение. Дури се предлага почетокот на училиштето да се одложи за детето да биде најстаро во класот, а не најмало.
Она што секако охрабрува е дека хиперактивното растројство не мора да биде трајна дијагноза.