Психолошки муабет: Која е формулата за свесно родителство?

Психолошки муабет е настан во организација на Мој психолог

Родителството е одговорна улога и е процес кој од нас бара голема посветеност, знаење, љубов и свесност. Ако на родителството гледаме како на долгогодишно патување, тогаш би требало и да го запознаеме подобро сопатникот, односно детето. Родителите се потпираат врз сопствените знаења, искуства и вештини, но понекогаш истите не му помагаат и го носат во погрешна насока.

Психолошки муабет оваа година ја стартува со темата „Формула за свесно родителство”. На овој настан, кој ќе се одржи на 18.02 во Јавна соба со почеток од 18 часот, ќе дознаете кои концепти од Развојната психологија можат да се имплементираат во воспитниот процес, за вашето патување низ родителството да биде попријатно.

Дел од посетителите на минатиот настан на Психолошки муабет

На овој настан учество ќе земат и психолози на кои темите од свесното родителство им се од научен интерес, а и гостин кој ќе сподели лично искуство од своето патување.

Настанот е во организација на Мој психолог и редовно вклучува психолози и експерти во своите области

На овој настан ќе дознаете за:

  • Емоционалната врска помеѓу родителот и детето и како таа влијае во текот на целиот живот на детето.
  • Кога се случуваат и како да препознаеме токсичен однос помеѓу родителот и детето.
  • Видови на родителски стилови и како тие учествуваат во формирањето на личноста на детето.
  • Самодоверба кај детето- какво влијание имаат родителите.

Психолошки муабет е настан во организација на Мој психолог, а истиот се организира веќе две години, еднаш месечно- отварајќи теми кои се значајни од областа на менталното здравје. Повеќе информации дознајте на нивниот настан на Фејсбук.

Бојана Стојменовиќ, психолог – учесник и организатор на настанот Психолошки муабет
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.