Правила на воспитување според древна тибетска метода: Вака децата ќе ве почитуваат цел живот!

4 клучни фази

Луѓето од Тибет се трпеливи, мудри и имаат единствен поглед кон човечкиот живот, па така имаат и свој начин на воспитување деца

Секој родител сака неговото дете да стане среќен и мудар човек. Меѓутоа, начинот на кој се стигнува дотаму честопати зависи од општествените правила и за работите што некој народ ги смета за правилни и мудри.

Во книгата „The Tibetan Art of Parenting: From Before Conception Through Early Childhood“ авторите Ани Маиден Браун, Еди Фарвел и д-р Дики Најеронг објасниле како Тибетанците ги воспитуваат своите деца.

Оваа мистична земја често се опишува како земја на мудроста и духовноста во која живеат среќни луѓе, а токму во оваа книга е запишан нивниот секојдневен живот со доза мудрост.

Според книгата, постојат четири важни периоди во детскиот живот:

1. Период до петтата година – третирајте го детето како крал

Границата помеѓу послушноста и разбирањето мора да биде видлива. Ништо не смее да биде забрането, а расеаноста треба да се користи како алатка. Овие први години ги обликуваат активностите, љубопитноста и интересите на детето. Родителите не смеат да заборават дека детето се’ уште не може да извршува долги логички активности и дека казната ќе ја сфати како покажување сила.

2. Период до десеттата година – третирајте го детето како роб

Ова е период кога кон детето треба да се однесувате како кон роб. На децата треба да им се даваат задачи и тие треба да бидат завршени. За сите неуспешно завршени работи, казните се состојат од совети и објаснувања. Меѓутоа, треба да ја одбегнувате физичката казна по секоја цена. Ова е период кога интелигенцијата активно се развива. Исто така, детето треба да научи да ги предвиди реакциите на луѓето на неговите постапки, да заземе позитивен став кон другите и да одбегнува негативни манифестации. Главниот фокус треба да биде на зголемувањето на детската желба кон знаењето.

3. Период од десеттата до петнаесеттата година – третирајте го детето како рамноправно

Иако ова може да ви звучи чудно, со оглед на тоа што родителот е човек со повеќе искуство и образование, детето треба да биде третирано на истиот начин. Сега е вистинско време да му доверувате важни прашања на детето за да ја зајакнете неговата независност. Постојаното давање совети и слушањето на неговите барања и предизвици треба да ви биде приоритет. Во текот на тој период се развива автономијата и независноста  во нивниот начин на размислување.

4. Период од петнаесеттата година – третирајте го детето со почит

Почитта е последната лекција, но не и најмалку важна. Сега е доцна да го учите детето на која било друга вредност, време да ги соберете плодовите од својата работа со него.

Во текот на оваа важна фаза, обрнете внимание на следниве тибетски мудрости, бидејќи можат многу да ви помогнат.

Почитувајте ја едноставноста на детскиот ум

Според психотерапевтката, социјалниот психолог и авторка на книгата д-р Ана Маиден Браун, детето има едноставен ум пред да се развие и да биде подготвени да ги поврзе искуствата, емоциите и мислите со ситуацијата и минатите искуства.

Не ги занемарувајте имитациите, помнењето, допирот и движењето

Тибетанците ја нагласуваат важноста на подучувањето на детето преку имитирање, помнење, допир и движење, за да може значењето на материјалното да влезе во свеста интуитивно и интелектуално.

Создадете чиста образовна околина

За Тибетанците, средината за учење треба да биде чиста и безбедна. Грешките треба да се поправаат без осудување. Исто така, децата се ранливи и треба да бидат заштитени и излечени кога ќе доживеат страв или вознемиреност.

 Фокусирајте се на основните вредности

Сочувството, почитта и дарежливоста можете да им ги покажете на децата преку своето однесување, бидејќи децата го имитираат таквото однесување.

Хармонија за сите

Хармонијата во односите многу се цени, важно е и малите деца да научат како да учествуваат во урамнотежена интеракција, а не да се натпреваруваат со возрасните, другите деца, животните, природата…

Заборавете на понижувањата и физичкото казнување

Тибетанците веруваат дека родителите ги тепаат своите деца само затоа што не можат да се одбранат.

Што може да се случи ако не се почитуваат овие правила?

  • Ако го гушите детето до петгодишна возраст, ја потиснувате неговата виталност, желба за живот и интелигенција.
  • Ќе го научите да и’ се покорува на бруталната сила и ќе го направите лесен плен за сите лоши луѓе.
  • Ако продолжите да се однесувате кон детето како да е крал и по петтата година, тоа ќе стане неспособно за работа и ќе му недостигаат духовни напори.
  • Ако детето после десеттата година го третирате како бебе, ќе порасне во несигурна личност.
  • Детето може да стане зависно од пријателите или околината, кои нема секогаш да имаат добро влијание.
  • Ако не го почитувате детето после петнаесеттата година, нема да ви опрости и ќе ве напушти што е можно побрзо.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.