Помогнете му на својот тинејџер!

На сите деца им е неопходно да ја чувствуваат љубовта на родителите

Применете ги советите на експертите за детето да ви израсне во одговорна и сигурна личност.

СЕКОГАШ велете му: „Убаво изгледаш!“ Пофалете го она што ви се допаѓа во изгледот на вашиот тинејџер – фризурата, стилот на облекување. Детето ќе почувствува дека го поддржувате.

НИКОГАШ не велете му: „Изгледаш смешно!“ Искинати фармерки или пренагласени очи со ајлајнер, веројатно, не се ваш стил. Но острата критика може да предизвика чести караници меѓу вас и детето. Освен тоа, може да му ја нарушите самодовербата, па детето да постигнува лош успех на училиште.

СЕКОГАШ велете му: „Ти си за мене посебен/посебна!” Така ќе ја поттикнете индивидуалноста на вашето дете. Сигурно сакате тоа да биде сигурно во себе и без комплекси.

НИКОГАШ не велете: „Зар не можеш да се метнеш на брат ти/ сестра ти?“ Не го споредувајте детето со неговите браќа или сестри или другари, бидејќи на тој начин ќе му ја нарушите самодовербата. Со тек на време, може да развие чувство дека никогаш нема да ги задоволи вашите критериуми.

СЕКОГАШ велете му: „Те сакам!“ На сите деца им е неопходно да ја чувствуваат љубовта на родителите.

Нивната самодоверба може да зајакне исклучиво во опкружување во кое чувствуваат љубов, заштита и сигурност.

НИКОГАШ не му кажувајте: „Те сакам, но не ми се допаѓа каков/каква си!“ оспорувајќи ја личноста на детето можете да му ја уништите самодовербата.

Бидете конкретно јасни во манифестирање на своите мисли и чувства. Ако го критикувате, тогаш прецизирајте дека не ви се допаѓа неговото однесување, а не неговата личност.

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.