По признанието на актерката дека спие со 11-годишниот син, се огласија бројни психолози: Остро ја осудија мајката!

Што мислите вие?

Актерката призна дека спие со својот син, па предизвика бура во јавноста

Американската актерка Алиша Силверстон неодамна призна дека има многу близок однос со својот 11-годишен син, кажа и дека спијат во ист кревет, па се најде на мета на негативни критики.

Алиша истакна дека спие со синот, кој речиси е тинејџер, затоа што е „мајка полна со љубов“.

Ваквиот став ја разгневи јавноста, додека многу експерти се согласија дека 45-годишната Алиша греши во својата воспитна метода.

„Кога детето ќе почне да ја преиспитува разликата меѓу половите, ќе влезе во пубертет и/или ќе почне да покажува нелагодност, родителите би требало да престанат да го делат креветот со него. Тоа може да се случи уште на возраст од 5  години“, рекла Рина Пател, психолог и експерт за родителство.

„Кога детето ќе прооди, би требало да почне да спие самостојно. Ваквиот родителски стил може да предизвика проблеми со почитувањето граници, но може да биде проблематичен и за самата мајка, односно за нејзиниот љубовен живот, бидејќи таа нема доволно време за себе. Верувам дека претерано приврзаното родителство ќе му создадат проблеми на Беар и во иднина. Тоа може да доведе до врсничка насилство“, додала таа.


Актерката тешко дека ќе ги прифати критиките на јавноста и експертите, со оглед на тоа што долги години ја негува истата пракса. Што мислите вие?

„Син ми не јаде месо и никогаш не пиел антибиотици, а сето тоа поради исхраната“: Вака се фали славната актерка!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.