Обрнете внимание: Сигурни знаци дека вашето дете има висока интелигенција

Љубопитноста и исто толку важна колку и интелигенцијата

Децата кои многу прашуваат, сакаат да учат нови работи и честопати имаат висока интелигенција

Многу горди родители сметаат дека нивното дете е надарено, понапредно, побрзо и попаметно од останатите деца. Меѓутоа, повеќето деца се гении и идни добитници на Нобелова награда само во очите на своите родители. Но секогаш постојат исклучоци, односно деца кои навистина се натпросечно интелигентни. Дали вашето дете е меѓу нив? Овие шест знаци ќе ви откријат…

1. Детето многу рано научило да чита

Дали вашето дете почнало да чита уште на четири години? Децата кои се интересираат за книги уште на мали нозе, имаат повисок коефициент на интелигенција. Повеќето деца почнуваат да читаат на 6-годишна возраст.

2. Музикално е

Без разлика дали се работи за гитара, виолина, флејта, тапани или пеење, детето кое покажува склоност кон музика и свирење, најчесто е многу интелигентно.

3. Има добра меморија

Дали вашето дете помни сè и ви раскажува за работи што се случиле пред неколку недели или месеци? Тоа е добро! Тоа значи дека има добра меморија и висок коефициент на интелигенција!

4. Љубопитно е

Љубопитноста е исто толку важна колку и интелигенцијата. Децата кои многу прашуваат, сакаат да учат нови работи и имаат повисок коефициент на интелигенција.

5. Има добра смисла за хумор

Дали вашето дете постојано смислува некои шеги? Ако тоа понекогаш ви оди на нерви, смирете се и оставете го да се забавува. Добрата смисла за хумор е знак за висока интелигенција.

6. Сака да разговара, па дури и со возрасни

Дали вашето дете сака да зборува, па дури и со возрасни луѓе? Тоа е добро. Тоа е уште еден од знаците на висока интелигенција.

Уште нешто: Ако вашето дете нема ниту една од овие карактеристики, не грижете се. Сè уште може да стане гениј!

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време