Обновете ја интимноста по раѓање на бебето

Три важни работи што треба да ги имате на ум

По доаѓањето на тоа слатко мало суштество во вашиот живот, сосема е ОК сексот да го потиснете во втор план, но таа фаза не смее предолго да трае, предупредуваат експертите.

Земајќи предвид дека постојаното менување пелени и доењето во секое време од денот и од ноќта се многу исцрпувачки, нормално е сексот да не ви паѓа ни на памет. Но тоа не треба да ви премине во навика. Експертите ве потсетуваат на три важни работи што треба да ги имате на ум:

1 Дајте му на телото доволно време да закрепне. Важно е да почекате 4 до 6 недели по породувањето пред да почнете со секс. Толку е потребно раната сосема да зарасне.

2 Само полека! Сега е најважна предиграта. Доењето го намалува нивото на естрогенот, па се засилува сувоста на вагината. Значи, ако е потребно, употребувајте воден лубрикант.

3 Не заборавајте контрацепција! Мислите дека доењето е сигурна заштита? Тоа е голема заблуда! Користете кондом или пилула без прогестерон.

Текст: Н. Човиновска

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.