Објави видео од бебето како си го цица палецот, а потоа следеше лавина од навреди: „Гледаш ли што правиш од своето дете?“

Мајката мораше брзо да се соочи со пораки што воопшто не ги очекуваше.

Мајката Џеси Мејсон на својот тикток-профил објави видео во кое нејзиниот син Арчи испушта смешни звуци додека си го цица палецот, но сигурно не ги очекуваше реакциите со кои наскоро мораше да се соочи.

Коментарите што почнаа да пристигнуваат веднаш, целосно ја изненадија. Наместо дискретно да ѝ укажат дека бебето можеби има поголема телесна тежина отколку што би требало, корисниците на Тикток почнаа со бесрамни навреди, пренесува „Сан“.

Ова бебе е дебело, а претпоставувам дека и двајцата родители се исто така. Помош!“, „Ставете го ова дете на диета за да избегнете да стане морбидно дебело кога ќе порасне“, „Има наслојки од масти на стомакот!“ – се само дел од суровите коментари.

@jessemason01 Reply to @loxyc6 Music to my ears 🙊 #mumsoftiktok #babiesoftiktok #babytiktok #babyboy ♬ original sound – Jesse Mason

Исплашена, Џеси не можеше да остане имуна на сето тоа. Таа почна да објавува видеа на кои покажува како нејзиното бебе „се инаети“ заради навредите. Едно видео го прикажува Арчи како гледа кон камерата од страна, а на друго се гледа како „прави стомачни мускули“ додека лежи на грб.

Сепак, имаше и поинакви коментари, во кои мајката Џеси доби поддршка, како што се:

Тоа е сосема здраво бебе“, „Така буквално треба да изгледа нормално бебе. Збунет сум од она што го пишуваат другите“…

Видео: Тикток

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе