Ново откритие: Повеќето гени ги наследуваме од неа, а не од мајката или таткото!

Истражувањата покажале

Научниците тврдат дека од мајката на нашата мајка можеме да ги наследиме темпераментот, вкусот и емоциите

Повеќето гени што ги наследуваме потекнуваат од нашата баба од мајчина страна, откриле научниците.

Алехандро Јодоровски, чилеански есеист објаснил како влијанието на бабата од страната на мајката е клучно, односно како може да прескокне генерација и да прејде директно од баба на внука.

Дури и да не поминувате многу време со вашата баба од мајка, врската меѓу вас никогаш не исчезнува.

Тој нагласил дека од сите останати роднини, токму таа е најодговорна за наследството на генот. Во просек, делиме 25% ДНК со нашите дедовци и баби.

Едно истражување од Универзитетот Кембриџ покажало неверојатна поврзаност со мајчината мајка, поради Х-хромозомот. Тоа значи дека бабите од страна на мајката им пренесуваат 25% од своите гени на внуците, што им овозможува да ги наследат нејзините гени.

Бабите од страна на таткото ги пренесуваат своите Х-хромозоми само на своите женски внуки, но не и на машките. Додека бабата од татко има 50% Х-врски со женските внуки, тие се 0% Х-поврзани со машките внуци.

Децата можеби личат на бабата, но дури и кога тоа не е така, на нив секогаш ќе има траги од бабата: дупчиња на образите, насмевка, боја на очи, движења, начин на одење. Исто така, понекогаш ја наследуваат структурата на коските, мускулите, па дури и генетските болести од своите дедо и баба.

Исто така, ги наследуваат и емоционалните искуства на својата баба по мајка. Емоциите што бабата ги чувствувала додека била бремена со својата ќерка може да се пренесат на нејзините идни внуки, бидејќи таа информација може да се забележи во ДНК-та и да остане таму, дури и ако прескокне една генерација.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.