Нема ни секунда за губење: Ова мора да го направите ВЕДНАШ ако детето почне да се гуши!

Секунди се во прашање

Ситните играчки или предмети што децата ги ставаат во уста се виновни дури за третина од смртните случаи на помалите од 14 години

На секоја мала или играчка од ситни елементи пишува дека не треба да им се даваат на мали деца, бидејќи постои опасност да ги стават во уста и да се згушат. И покрај тоа, статистиката покажува дека децата и понатаму страдаат од гушење со предмети што случајно ги ставиле во уста.

Гушењето со стран предмет е виновно за речиси третина од сите смртни случаи на децата помали од 14 години. Колку што се децата помали толку е проблемот поголем, од една страна поради неусогласениот систем за дишење и хранење, а од друга страна поради самиот облик на хранопроводот кој е цилиндричен и „погоден“ за опструкција.

Кога проблемот ќе почне, постојат начини да се одбегне трагедија. Но треба да знаете и што никако не смее да се прави. Така на пример, никогаш не треба да се обидувате да го извлечете предметот со прсти од устата на детето.

За родителите претставува вистински пекол кога во устата на нивните деца ќе залута преголемо залаче, скршено парче јаболко, недоволно соџвакана корка леб или откинато копче, дел од играчка. Детето почнува да кашла и телото се обидува инстинктивно да го исфрли предметот што се заглавил и повторно да воспостави дишење. Во повеќето случаи, неколкуте закашлувања се доволни за да се исфрли. Кога тоа не е доволно, од клучно значење е да знаете како да му помогнете на детето.

Затоа, педијатрите направиле список на правила како да се постапи во случај на ненамерно гушење.

  • Кога ќе забележите дека на детето нешто му се заглавило во уста, обидете се да го наведете да се накашла, бидејќи кашлицата е природен начин да се исфрли страното телот. Положбата во моментот кога страното тело сѐ уште не пречи не е важна, детето инстинктивно ќе се постави како што треба.
  • Ако страното тело веќе се заглавило и дишењето прекинало, најдобро би било некој веднаш да повика итна помош, но детето за тоа време никако не смеете да го оставите само, туку почнете да му пружате помош.
  • Фатете го детето за долната вилица и поставете го преку вашето колено. Ако сте деснаци, држете ја вилицата на детето со десната рака врз десното колено. Ако сте левучари, обратно.
  • Земете го детето со двете раце и опфатете го неговиот граден кош, така што ќе го наведнете малку напред и вршете притисок, притискајќи силно и попуштајќи, наизменично. Тој зафат може да помогне детето само да го исфрли страното тело од душникот.
Не занемарувајте ги дишењето на уста и ‘рчењето кај децата
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.