Не превртувајте со очите – прочитајте! Тепаното дете има само две патишта во животот!

Предупредување за сите родители

Секој удар им ја запечатува судбината

Насилството врз децата и шлаканицата како „воспитна“ метода, и денес се и тоа како распространети. Овој проблем го разгледувал и познатиот руски психолог Михаил Лабковски, откривајќи дека детето што било тепано во животот има само две патишта.

Ако тоа се’ уште не ви е јасно и очигледно, сакам да ви објаснам зошто не треба да ги тепате вашите деца.

Кога сме под стрес, на пример кога нешто не загрозува психички или физички не’ повредува, во крвта се ослободува група од таканаречени глукокориткоидни хормони. Тоа се познатите хормони за стрес.

Но овој процес всушност е многу покомплициран одошто изгледа и на телото му треба многу време за да го преработи. Кога децата се во близина на родителите, особено на мајките, покрај кои чувствуваат заштита, овие хормони мируваат, односно не се ослободуваат во крвта.

Но ако самиот родител стане извор на стрес, детето до одредена возраст нема да го смета физичкото насилство како нешто опасно за него. Затоа нема стрес и детето не забележува дека нешто не е во ред.

Проблемот се јавува кога децата ќе пораснат. Луѓето што веруваат дека насилството и агресијата се сосема нормален и составен дел од животот имаат само два можни избора: да станат насилници или ‘доброволни’ жртви.

Ако го тепате детето, тоа значи дека сте ја запечатиле неговата судбина, која тешко дека ќе заврши убаво. Ќе биде малтретирано и ќе молчи, бидејќи ќе верува дека тоа е нормално, или, пак, тоа ќе биде насилник кој тепа, повторно мислејќи дека тоа е нормално.

Ако и самите сте биле тепани во детството и едноставно не можете а да не го удирате вашето дете, или и самите верувате дека нема ништо лошо во тоа, најдобро е да се консултирате со психолог.

Не го игнорирајте ова, не превртувајте со очите. Ова е многу важна тема и не смее да биде табу“, напишал доктор Лабковски.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.