Најпопуларните имиња за деца во Македонија во 2021: Кратки се и чудни, воопшто не се традиционални!

Како ви се допаѓаат имињата што се во тренд?

Кое име од оваа листа би го одбрале вие за девојче, а кое за момче?

Родителите кај нас одамна не им го препуштаат изборот на името на идното бебе на кумовите, како што тоа некогаш го налагаше традицијата, туку најчесто сами одлучуваат за тоа.

Ако се водиме според листата на имиња што ќе бидат најпопуларни во 2021 година, најчестиот избор за новородените девојчиња ќе биде името Миа, а момчињата ќе го носат името Алек.

Идните родители се изјасниле дека доколку добијат девојче, најверојатно ќе се определат за кратко име. Миа е на врвот на листата, а по неа следат Ема, Мила, Ела, Лара, Лина, Софија, Хана, Ана, Сара, Леа и Наталија.

Кога станува збор за момчињата, најпопуларни имиња во 2021 година, покрај Алек, ќе бидат и Матео, Ноа, Емил, Леон, Тео, Филип, Никола, Даниел и Лука.

Трендот на давање странски имиња на децата во Македонија не стивнува. Но и покрај тоа, најчесто женско име во Македонија е Марија, а најчесто машко име е Александар.

Како ви се допаѓаат имињата за деца што ќе бидат најпопуларни во 2021 во Македонија?

Асоцираат на среќа и радост: Ова се најпопуларните имиња за девојчиња и момчиња во 2021 година!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.