Клинички психолог открива: 7 главни показатели дека сте добра мајка

Задолжително прочитајте

Во продолжение прочитајте дали сте на вистинскиот пат како родител

Родителите честопати се грижат дали добро ги воспитуваат своите деца, па се споредуваат со други родители и бараат потврди за нивниот успех. Клинички психолог ги објаснил показателите на доброто родителство.

1. Детето покажува различни емоции пред вас

Способноста на детето да изрази лутина, тага или страв е добар знак дека се чувствува сигурно. Детето не треба да се затвора и не го прекинувајте кога ги искажува своите чувства. Наместо тоа, обрнете внимание и бидете благодарни за тоа.

„Видов дека удираш во ѕидот и дека си многу лут. А ти ми кажа дека тоа е така затоа што сестра ти не ти дозволува да си играш“, со оваа реченица ќе му покажете на детето дека можете да ги поднесете и разберете неговите чувства.

2. Ви се обраќа кога ќе се повреди или има некој проблем

Вашето дете знае дека може да ви се обрати кога му треба помош. Треба да ги слушате неговите проблеми, без разлика дали се мали или големи, бидејќи така ќе изградите отворен однос со него.

3. Може да разговара за неговите мисли и чувства, без страв

Ова е позитивен знак дека детето го прифаќа вашиот отворен и флексибилен однос. Некои родители несвесно ја ограничуваат комуникацијата со своето дете преку однесувањето. Тоа го прават кога претерано реагираат на мислите или чувствата што не им се допаѓаат или што го доведуваат до прашање нивното однесување како родители.

Некои родители, пак, се толку кревки што децата не сакаат да ги преоптоваруваат со своите мисли и чувства. Проблем е кога родителот ќе каже „Моето дете е мојата карпа“. Родителите се карпите, а децата никогаш не би требало да бидат тоа. Ако ви треба дополнителна поддршка, побарајте ја од возрасна личност, а не од детето.

4. Повратната информација не е критика и не го дефинира детето

Добрите родители ги одбегнуваат придавките како „лош“, „зол“, „себичен“ и „мрзелив“. Ако вашето дете ги изело сите чоколадни колачиња и не ги поделило со другите, добрата мајка ќе му укаже на таа постапка. „Ги изеде колачињата, а не ги подели со сестра ти и брат ти. Како мислиш дека би можел да му се оддолжиш на семејството?“. Ова е многу поинаку од реченицата „ти си алчно девојче, оди во твојата соба“.

5. Ги поттикнувате интересите и талентите на детето

Со развивање интереси и таленти, детето стекнува вештини и постигнува резултати. Прекрасно е кога напредувате во она што го сакате. Понекогаш родителите управуваат со интересите на децата за да ги исполнат сопствените соништа и потреби, а тоа не е воопшто добро. Ваквите постапки можат да доведат до тоа детето да се чувствува неуспешно. Исто така, децата го носат товарот од разочараниот родител и од сопственото разочарување.

6. Создавате граници за детето да биде сигурно

Добрите родители секогаш го насочуваат однесувањето на детето со тоа што поставуваат граници и ограничувања. Ако не им поставувате граници и правила, децата често ќе запаѓаат во неволја. Границите им помагаат на децата да се чувствуваат сакано и ценето, дури и ако понекогаш не ги сакаат границите. Некои примери за добро поставени граници се: воведена рутина за спиење, правила за примерно однесување со семејството.

7. Ги поправате своите грешки

Ако сте способни да го поправите односот со дете, тоа е знак на добар родител. Не му викајте на детето, туку обидете се да ја решите ситуацијата со разговор и да му објасните дека и вам ви треба помош понекогаш.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.