Како за кратко време да му го зајакнете имунитетот на детето: Со овие трикови, зеленчукот ќе му стане омилена храна!

Совети за родители

Овие трикови проверено даваат резултати

Во овој период, јакнењето на имунитетот, особено кај децата, е приоритет. Знаеме дека на многумина зеленчукот не им е омилена храна, но со овие трикови вашето дете само ќе побара репете.

Не можете да погрешите со овие трикови:

1. Оставете го да огладне

Додека ја загревате храната, на масата ставете чинија со сечкан зеленчук. Додека чека ручекот да биде поставен, сигурно ќе посегне по зеленчукот, бидејќи е гладно.

2. Додајте малку путер

Многу деца одбиваат зеленчук, бидејќи им горчи. Можете да го пропржите зеленчукот на мала количина путер и тоа ќе му даде подобар вкус што нема да можат да го одбијат. Покрај тоа, путерот содржи витамини кои се особено корисни за раст на организмот.

3. Додајте сос

Децата повеќе сакаат храна што изгледа интересно, затоа на зеленчукот додајте му сос. Измешајте павлака, зачини и малку сол. Тоа нека биде сосот, во кој ќе го потопува зеленчукот исечкан на ленти.

4. Понудете му повеќе опции

Ако на децата им понудите само еден вид зеленчук, постои голема веројатност дека ќе одбијат да јадат. Меѓутоа, ако им овозможите да одбираат помеѓу неколку видови разнобоен зеленчук, сигурно ќе одберат еден од нив.

5. Бидете им добар пример

Децата го имитираат однесувањето на своите родители, па доколку ве видат како јадете зеленчук, постои голема веројатност дека и тие ќе го посакаат истото.

6. Дозволете им да ви помогнат во приготвувањето на салатата

Децата нека ви помогнат во приготвувањето на салатата, бидејќи сигурно со задоволство ќе го изедат тоа што самите го приготвиле.

7. Не ги форсирајте

Не треба да ги принудувате децата да јадат зеленчук, бидејќи колку повеќе ги форсирате да направат нешто, толку повеќе ќе се противат. Ако не им дозволувате постојано да јадат нешто помеѓу оброците, ќе огладнат, па ќе го изедат и зеленчукот што ќе се најде пред нив.

8. Направете им кашест сок

Децата не сакаат да џвакаат тврд зеленчук, но сигурно нема да одбијат кашест сок.

9. Камуфлирајте го зеленчукот

Пирето од зеленчук со светли бои, како карфиол или тиквички, измешајте ги со претходно приготвено пире од компири, така најдобро ќе го камуфлирате.

10. Смислете некоја интересна приказна

Секогаш потрудете се храната во чинијата на детето да изгледа убаво и бидете креативни. Или измислете некоја игра во која тие ќе мораат да изедат нешто.

Сигурно ќе ви помогнат и овие 9 одлични совети на мајка која го школува детето дома.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.