Како нè дефинира редоследот на раѓање во семејството

Фото: Guliver/Getty Images

Првата „етикета“ животот ни ја доделува уште во детството, одредувајќи ни ја позицијата на најстаро, средно или најмладо дете во семејството. Многу експерти велат дека тоа предодредено место влијае врз нашиот карактер и во голема мера се одразува врз нашиот живот. Факт е дека односот меѓу браќата и сестрите игра важна улога, но уште поважно е тоа што на крајот родителите се тие што ги уредуваат односите меѓу децата.

АКО СТЕ РОДЕНИ КАКО…

Професорот по семејни и детски студии на универзитетот „Монтклер стејт“ во Њу Џерси, д-р Џонатан Каспи, го декодирал редоследот на раѓање и еве до какви заклучоци дошол.

Фото: Guliver/Getty Images

НАЈСТАРО ДЕТЕ: „Има поголема самодоверба, поконзервативно е и има високи цели.“ Познати најстари деца: Бијонсе, Хилари Клинтон, Џ.К. Роулинг

СРЕДНО ДЕТЕ: „Најверојатно е добар посредник, а кога е криза – бара помош од пријателите, а не од семејството.“ Познати средни деца: Мадона, Бритни Спирс, принцезата Дајана

НАЈМЛАДО ДЕТЕ: „Друштвено е, забавно и креативно.“ Познати најмлади деца: Анџелина Џоли, Елен Деџенерис, Џенифер Лоренс

ЕДИНЕЦ: „Главно се високообразовани и економски успешни.“ Славни единци: Натали Портман, Еленор Рузвелт, Тереза Меј

Текст: М. Шариќ

Фото: Guliver/Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.