Како да се заштити детето од летното сонце

Заштитете ги децата благодарение на овие едноставни правила

Сонцето огреа и децата веќе не сакаат да седат дома. Подолго престојуваат надвор, а тоа значи дека дојде време да се погрижите за нивната нежна кожа и да ја заштитите од штетните ултравиолетови зраци.

Секако, не треба да ја исклучите користа од сонцето, преку кое се усвојува витамин Д, но сетете се на опасностите од изгореници, прегревање, меланом… Заштитете ги децата благодарение на овие едноставни правила.

1 Шетање и сончање доаѓаат во обѕир само под дрвја. За деца до една година директните сончеви зраци категорично се забранети. Потоа може да се сончаат, но не подолго од 15–20 минута.

2 Нека носат капи/шешири.

3 Задолжително водете сметка за хидратацијата (децата постари од една година треба да пијат минимум литар вода на ден).

4 На сонце пуштајте ги само до 11 часот претпладне и по 17 часот попладне.

5 На плажа децата мачкајте ги со заштитен крем. Колку е поголемо сончевото зрачење, толку треба да биде повисок СПФ (на морски брег оптимална варијанта за заштитен фактор е 45–50).

6 По капењето секој крем се измива. Не заборавајте повторно да им нанесете – нема да им штети.

7 Водата и песокот активно ги рефлектираат ултравиолетовите зраци, затоа на плажа понесете чадор, а по 30 минути активна игра обујте им лесни патики.

8 Посебно внимание обрнете на бенките. Доколку детето има многу, нивниот број се зголемил или одненадеж се појавиле испупчени бенки – веднаш посетете дерматолог.

Извор: Руски доктор

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.