Интелигенцијата се наследува само од едниот родител: Еве чии гени се заслужни за тоа колку ќе биде паметно детето!

Интересно!

Само еден родител е заслужен за интелигенцијата кај децата, а еве кој

Кога бебето е на пат, идните родители честопати се прашуваат на кого ќе личи, што ќе наследи од таткото а што од мајката, но она за коешто можете да бидете сигурни е дека децата ја наследуваат интелигенцијата од мајката!

Мајчините гени можат да одредат колку ќе бидат паметни децата, додека таткото не влијае врз нивото на нивната интелигенција, покажале истражувањата. Постои поголема веројатност дека жените ќе им ги пренесат гените за интелигенција на своите деца, бидејќи тие се пренесуваат преку Х хромозомите, а жените имаат два такви хромозома, додека мажите имаат само еден.

Се верува дека интелигенцијата се пренесува преку условени гени кои мора да потекнуваат од мајката, а лабораториските истражувања што користеле генетски модифицирани глувци откриле дека оние со дополнителна доза од мајчиниот ген развиле поголеми глави и мозоци, но имале мали тела. Оние со дополнителна доза од татковите гени имале мал мозок, но поголемо тело.

Истражувачите ги идентификувале клетките што содржат само мајчини или само таткови гени во шест различни делови од мозокот на глушец, кои контролираат различни когнитивни функции, од навиките во исхраната до помнењето.

Клетките со таткови гени биле акумулирани во деловите на лимбичкиот систем, кој е вклучен во функциите како што се секс, храна и агресија. Меѓутоа, истражувачите не нашле никакви таткови клетки во мозочната кора, каде што се одвиваат најнапредните когнитивни функции, како што се расудување, мисла, јазик и планирање.

Истражувањето јасно покажува дека генетиката не е единствениот фактор за интелигенција – се проценува дека само 40 до 60 отсто од интелигенцијата се наследни, другиот дел зависи од околината.

4 работи што детето ги наследува од мајката: Не можете да ги одрекнете овие сличности!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.