Еве како да препознаете дете на родители алкохоличари: Знаците се гледаат на километар!

Гледајте внимателно!

Децата со родители алкохоличари имаат голем број психички проблеми кога ќе пораснат

Алкохолизмот на родителите не го уништува само нивното здравје и живот, туку и предизвикува длабоки трауми во психата на нивните деца. Во САД постојат и групи за психолошка помош не само за децата, туку и за внуците на алкохоличари.

Психолошки портрет на дете со родители алкохоличари

Децата кои растат во семејство во кое мајката или таткото или двајцата страдаат од зависност од алкохол, не знаат што е нормално. Главната особина на нивниот карактер е несигурноста. Не постои ниту една прашање за кое тие се 100% сигурни. Нивната несигурност е поврзана со сите сфери од животот: за училиштето, семејството, пријателите, љубовта и слично…

Кога ќе пораснат, тие речиси никогаш не завршуваат ниту една активност до крај. Напуштаат сѐ и ги оставаат работите недовршени. Имаат тенденција да не знаат како да се збогуваат, се жалат за секој неуспех или грешка.

Тие не знаат како да се опуштат, одморат, забавуваат, веселат и често сѐ сфаќаат сериозно. Тие често знаат да кажат дека забавата не игра важна улога во животот и веруваат во тоа.

Тешко им е да остварат интимни односи, се плашат да им дозволат на другите премногу да им се приближат. Не знаат да ги протолкуваат своите чувства, секогаш се повлечени. Понекогаш, емоциите ги преплавуваат до таа мера што не се во состојба да се изборат со нив. Но ни тогаш никому нема да му го раскажат тоа, бидејќи се грижат како другите ќе го доживеат тоа.

Се плашат од промени и нервозни се кога нешто не можат да контролираат. Знаат и чувствуваат дека се разликуваат од другите луѓе, па се обидуваат да го скријат тоа. Се случува да не се согласуваат со нечие мислење, но поради својата несигурност, никогаш не го изнесуваат своето мислење јавно.

Нетрпеливи се и сакаат сѐ одеднаш. Им се чини дека ако сега не направат нешто за да ја исполнат својата желба, таа ќе исчезне.

Децата на алкохоличари, кога ќе пораснат, исто така може да станат зависни од алкохол или да влезат во емотивна врска со алкохоличар. Ги привлекуваат слаби луѓе кои постојано страдаат, а љубовта и пријателството ги доживуваат како да им прават услуга.

Ако партнерот им создава проблеми, тоа го прифаќаат со чувство на должност. Постојано бараат причина да се грижат и склони се на непотребна анксиозност, ретко се спокојни.

Честопати не ја гледаат разликата помеѓу љубовта и сожалувањето и затоа ги сакаат оние на кои им треба сожалување. Се трудат да ги одржуваат односите по секоја цена, бидејќи нивниот најголем страв е отфрленоста. За да научат да ги покажуваат своите чувства и да се ослободат од постојаната депресија, им треба многу сила и психолошка работа на себе.

Сѐ потекнува од детството

Психолошките повреди со кои личноста се здобила во детството можат да ја скршат возрасната личност. Запомнете дека нема идеални родители. Сите во детството сме доживеале родителите свесно или несвесно да нѐ повредат. Кога не би доживеале стресови во детството, не би можеле да се формираме во силен и здрав возрасен човек. Па затоа, најважно е да научиме како своите слабости и стравови да ги претвориме во доблести.

Никој не е совршен: Најчести грешки на најдобрите мајки

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.