Еве како да го „прочитате“ вашето бебе според изразот на лицето

Совети од експерти

Бебињата не зборуваат, но тие знаат како да ги покажат своите емотивни состојби од првите денови на раѓање.

Бебињата знаат многу за луѓето и светот, од нивните гримаси можеме да откриеме што тие всушност мислат, вели развојниот психолог Алисон Гопник, автор на „Бебе филозоф: Што ни кажуваат мозокот на децата за вистината, љубовта и смислата на животот“.

– Веднаш штом ќе се намурти, бебето испраќа порака на лицето дека не се чувствува пријатно. Ако плаче, можната причина се гасови, што може да ги решите со нежно масирање на стомакот. Ако бебето се намурти и широко ги отвори очите, тоа веројатно само што какало. Но, ако ги напрчи усните со намуртени веѓи, вашето дете веројатно е премногу стимулирано од надворешни информации и му треба малку осаменост – објаснува психологот Гопник.

За да го смирите бебето, ставете го во лежалка и оддалечете се малку.

Еве како да го „прочитате“ вашето бебе:

  • Истражувачки поглед – Бебињата се лесно фасцинирани од нештата околу нив, а тоа ќе го покаже интензивен, истражувачки поглед во одредена насока или кон некоја личност или предмет.
  • Бара внимание – Со ненадејно плачење, викање и фрлање работи, бебето го бара вашето внимание и покажува дека му е здодевно. Дадете му ја омилената играчка или испејте песна што ја сака.
  • Не сакам да играм – Штом ја сврти главата на другата страна и избегне контакт со очите, бебето покажува дека не сака да комуницира. И тоа ќе го потврди ако почне да игра со прстите.
  • Напрчени усни – Родителите треба да му дадат простор на бебето ако се намурти и ги стисне усните бидејќи вели дека сака осаменост.
  • Раширени очи – Ако бебето се собере, намуртено и ги рашири очите ширум, тоа обично го прави додека се напрега за време на какањето.
  • Намуртено лице – Секој пат кога ќе се намурти, бебето покажува што чувствува – и во овој случај станува збор за непријатност, вели Алисон Гопник.

Прочитајте и: Родители, внимавајте: Не треба да ја давате оваа храна на вашите најмали

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.