Децата родени во ноември навистина се посебни: Научно докажано!

Не станува збор за астрологија!

Среќни, високи и долговечни…

Месецот на нашето раѓање влијае врз повеќе аспекти од нашиот живот: на нашата личност, на нашата способност, но и на здравјето. Овде не се работи за астрологија, туку за факт докажан со статистички истражувања.

Еве поради кои шест работи луѓето родени во ноември навистина се посебни…

1. „Крупни“  луѓе

Оние што се родени во зима и во најстудените месеци од годината имаат тенденција да бидат повисоки и поголеми во детството за разлика од оние родени во лето и во потопли месеци. Според научниците, бебињата родени во текот на најстудените месеци имаат гестација во најтоплите месеци од годината, што значи дека во матката имаат подобар проток на крв и поефикасно внесување витамин Д, што е заслуга на поминувањето време на сонце.

2. Физички се поспособни

Истражувањата за физичка подготвеност на учениците покажале дека децата родени во ноември имаат подобра кондиција за дури 10% од своите врсници родени во другите месеци.

3. Порано се будат

Луѓето родени во есен и зима сакаат порано да одат на спиење, што значи дека се будат порано од другите луѓе.

4. Левучари

Децата родени во ноември имаат големи шанси да бидат левучари, потврдило едно истражување спроведено на 13.000 луѓе.

5. Отпорни на болести

Кај луѓето родени во ноември постои помала веројатност дека ќе заболат од автоимуни болести и кардиоваскуларни нарушувања. Исто така, истражувањата покажале дека се изложени на помал ризик од депресија.

6. Живеат подолго

Истражување спроведено во Чикаго покажало дека луѓето родени во ноември најчесто го доживуваат својот 100-ти роденден!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.