Беби-царството во служба на негата на мамичка

Еве што може да „позајмите“ од своето малечко...

Не треба да имате грижа на совест ако понекогаш се послужите со слатките реквизити од козметичката торбичка на своите мали ангели – тие можат да бидат повеќекратно корисни за кожата и за косата

Масло за бебиња

Тоа навистина е мултифункционално! Можете да го применувате за масажа на телото, за отстранување шминка но и за хидратација на кожата по туширање (особено во зима!).

Млеко за тело

Вие само мачкајте се! Тоа е совршено за хидратација на вашата кожа. Втријте го по туширање, депицалија на нозе, по сончање или употребувајте го наместо крем за раце.

Шампон

Ако често ја миете косата или имате осетливо теме, нежниот детски шампон ви е добредојден. Ммм… неговиот мирис дополнително ќе ја размрси…

Пудра во прав

Ве очекува важен состанок, но немавте време да ја измиете косата?! Нанесете малку прав-пудра на темето, а потоа исчешлајте ја косата.

Кремав сапун

Уф, кожата ви е толку сува и склона на иритации. Па зошто да не го пробате нежниот, кремав детски сапун, кој ќе ја хидрира и ќе ја направи помека?!

Влажни марамчиња

1, 2, 3… 30! Токму толку секунди се потребни да ја отстраните шминката со беби-марамчиња.

Текст: Тамара Богунова

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.