Александра плаче заради бебето?! Живојиновиќ загрижени за наследникот, се консултирале со лекарите

Ја почувствуваа тежината на родителството

Фото: Мирко Табашевиќ

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ го добија синот Александар поради што нивниот живот тргна во сосема поинаква насока. Во нивниот дом се славеше со денови, но набргу ја почувствуваа тежината на родителството.

Бебето по една недела доби силни грчеви, поради што не престанувало да вреска.

Александра го дои синот од првиот ден. Меѓутоа, само десетина дена по породувањето, Александар доби силни грчеви“, раскажа изворот за „Ало.рс“.

Прво не биле сигурни за што станува збор, па бебето го однеле на педијатар. Докторот им кажал дека нема потреба за загриженост и им пропишал соодветна терапија, а Живојиновиќи здивнале кога слушнале дека не е опасно. Сепак, нивниот мир не траел долго време, бидејќи бебето продолжило да плаче од раните претпладневи часови до доцна во ноќта.

Секој пат кога плаче Александар, плаче и Александра. Уморот ги совлаува и неа и Филип, па силите им се при крај. Затоа Филип побара од мајката на Александра, Борка, некое време да се пресели кај нив за да им помогне“, раскажува изворот.

Во прилог на тоа оди и последната објава на Филип на Инстаграм во која напиша дека не памти кога последен пат се наспал.

Извор: „Србија данас“

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.