7 видови односи меѓу мајките и ќерките: Од врската што ја негувате зависи какво ќе биде детето кога ќе порасне!

Во која група спаѓате?

Иако немаме секогаш совршен однос со мајките, не би ги менувале за ништо на светот

Односот меѓу мајката е ќерката е многу важен во животот на секоја жена. Никој не може да ја замени мајката, бидејќи само таа може да ни даде безусловна љубов.

Иако некои карактеристики важат за сите мајки, тие сепак се индивидуални, особено ако ги земеме предвид нивните воспитни методи. Некои мајки со ќерките негуваат однос на најдобри пријателки, додека други се построги.

Експертите дефинирале седум типови односи меѓу мајките и ќерките, со сите нивни предности, но и мани.

Сестри

Доколку имате ваков однос со вашата мајка, тогаш вие сте рамноправни и најчесто се надополнувате. Постои можност ќерките да ја преземат улогата на потпора, односно да покажат одговорност и грижа за мајката.

Како влијае ваквиот однос врз ќерките: Девојките воспитани во ваков тип однос се многу одговорни и понекогаш стануваат лидери. Имаат чувство за почитување граници меѓу луѓето, но истовремено може да се почувствуваат емоционално занемарени и да се плашат од одбивање.

Најдобри пријателки

Пријателскиот однос меѓу мајката и ќерката се заснова на доверба, па ќерката секогаш најпрво и’ се обраќа на мајката кога има некаков проблем.

Мајката е прилично вклучена во животот на својата ќерка и презема различни улоги, во зависност од тоа што и’ треба. Може да си бидат љубовни експерти една на друга, најдобри пријателки, шопинг-партнерки или „криминални партнерки“.

Како влијае ваквиот однос врз ќерките: Најчесто не се плашат од предизвици и преземање ризици. Често преземаат иницијатива и не се плашат од одбивање.

Странци

Доколку вашата мајка ја држите подалеку од вашите случувања, односно таа секогаш последна дознава за новостите во вашиот живот, тогаш вие спаѓате во овој однос. Мајката и ќерката обично не се вклучуваат во своите живот и едвај се познаваат.

Како влијае ваквиот однос врз ќерките: Ќерките на мајките од кои се отуѓени, најверојатно подоцна во животот ќе паднат во депресија, ќе чувствуваат тешкотии и недостиг на самодоверба.

Покрај тоа, постои голема веројатност дека ќе бидат во врски што се фрустрирачки. Истовремено, овие девојки стануваат одговорни, независни жени, со оглед на тоа што научиле сами да ги решаваат своите проблеми.

Деградирачки однос

Ваквиот однос меѓу мајките и ќерките личи на претходниот. Меѓутоа, обично се однесува на едната страна и вклучува нарцисоидност. Мајката или ќерката се фокусирани само на себе, негувајќи го имиџот што сакаат другите да го видат, наместо да остварат вистинска поврзаност меѓу себе. Потребата за оставање совршен впечаток, во реалноста го деградира односот меѓу мајката и ќерката.

Како влијае ваквиот однос врз ќерката: Во случај на нарцисоидна мајка, ќерките обично бараат внимание и потврда од другите. Ако ќерката е нарцисоидна во ваквиот однос, а мајката не се обиде да влијае врз нејзиното однесување, девојката може да стане себична и нетолерантна.

Отфрлање

Станува збор за уште еден случај во кој се спроведува отфрлање од едната страна, а најчесто тоа го прават мајките. Тешко е да бидат импресионирани, и со својата рамнодушност го намалуваат значењето на достигнувањата на ќерка им. Поради тоа, девојките уште повеќе се трудат за да го постигнат невозможно – да ја задоволат својата мајка.

Како влијае овој однос врз ќерката: Девојките обично во текот на растењето губат самодоверба, се чувствуваат недостојни за внимание, додека истовремено очајно копнеат по љубов и признание.

Навивачки

Мајката станува најгласна навивачка за да ја поттикне ќерката да живее што е можно поубаво. Обично се многу вклучени во животот на своите ќерки и никогаш не ги напуштаат. Често живеат преку нивните достигнувања, ги одржуваат, но знаат да бидат и напорни. Експертите сметаат дека на овој начин ги пренесуваат на ќерките своите неостварени амбиции.

Како влијае овој однос врз ќерките: Ќерката може да изгуби чувство за себе, односно при донесувањето одлуки премногу да се потпира на другите.

Авторитативен однос

Станува збор за однос во кој мајката на својата ќерка не и’ дозволува избор, не ги вреднува нејзините мислења и ставови, постојано ја контролира. За своите големи барања наоѓа оправдување во тоа дека се’ што прави, прави за доброто на ќерката.

Како влијае овој однос врз ќерката: Ќерките во ваков однос често стануваат бунтовнички, потајно или отворено. Премногу се самокритични, имаат ниска самодоверба, не ги вреднуваат своите ставови. Последица на тоа е паѓањето во депресија. Од друга страна, стануваат многу одговорни и посветени во своите односи.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.