7 трикови со кои вашето дете ќе спие без проблеми

Совети од експерт

Ако водите битка со заспивањето на децата секоја вечер, можеби е време да започнете да чистите. Имено, експертот за здрав сон д-р Нерина Рамлахан откри дека звукот на правосмукалката е добар пример за тоа како белите шумови ги смируваат децата.

Таа има седум совети за сите родители кои сакаат да ги запознаат своите деца со совршената рутина за спиење.

  1. Туна

Хормоните како серотонин и мелатонин помагаат во подобар сон, а она што го јадат децата влијае на нивниот хормонален баланс, според д-р Рамлахан.

„Туната е одличен извор на серотонин, па затоа е идеален избор за вечера. Списокот на пожелни јадења исто така вклучува пилешко, сирење, јајца, ореви и млеко“, објаснува таа.

  1. Правосмукалка

Кога ги испраќате децата во кревет, веројатно не сакате да правите бучава затоа што се плашите дека ќе ги разбудите, но правосмукалката всушност може да помогне.

„Белите шумови, произведени од правосмукалката, создаваат смирувачка околина и можат да заспијат разиграни детски умови“, вели д-р Рамлахан.

  1. Млеко

Чаша млеко пред спиење има долга традиција и тоа не е без причина. Д-р Рамлахан вели дека една чаша какао го има истиот ефект, но треба да се понуди најмалку еден час пред спиење за да се избегнат чести патувања во тоалетот среде ноќ.

  1. Вежбајте

Никој не сака да ги разбуди децата пред спиење, но вежбањето е начин да се намали адреналинот што ќе резултира во подлабок сон. Затоа, д-р Рамлахан препорачува некои физички вечерни активности што е одличен начин да ги заспиете децата.

  1. Лаванда

Детската соба мора да биде пријатна, а лавандата смирува па затоа можете да ја протриете во постелнина или пижами за деца за да им помогнете на децата да се релаксираат.

  1. Технологија

На квалитетот на спиењето на возрасните, вклучително и на децата, влијаат таблетите, телевизорите и другите уреди што емитуваат сина светлина, така што тие немаат место во просторијата каде што спијат. Воведете правило дека сите уреди се исклучуваат еден час пред спиење, советува експертот.

  1. Разговор

Наместо да имате сериозен разговор со вашето дете пред спиење, зборувајте за денот зад вас, прашајте ги децата како го поминале своето време, што сакаат или што имаат намера да прават утре. Избегнувајте теми поврзани со училишните обврски и не ги принудувајте да зборуваат за работи што ги загрижуваат или ги вознемируваат.

Прочитајте и: Овие се најдобрите намирници за зајакнување на имунитетот на децата

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.