6 правила на воспитување што децата на Кристијано Роналдо мораат да ги почитуваат: Тоа што тие го прават, не може ни да се замисли кај нас!

Строг татко

Кристијано Роналдо има пет деца и во неговата куќа владее строга дисциплина – спартанска, би рекле многумина

Кристијано Роналдо има голема желба да има многу деца и таа негова опсесија потекнува од детството. Одлучен да исполни сè што ќе замисли, Кристијано во раните 20-ти години стана татко, и тоа со помош на сурогат-мајка.

Кога на свет пристигна неговиот прв син Кристијано Јуниор во 2010 година, неговата тогашна девојка Ирина Шајк беше шокирана од ситуацијата.

Меѓутоа, Кристијано никому не му се правдаше и никогаш нема признаено зошто толку сака да има многу деца. Во јуни 2017, Роналдо ги доби и близнаците Ева и Матео со помош на сурогат-мајка, а во ноември истата година доби и ќеркичка Алана со избраничката Георгина Родригез. Во април 2022, Георгина на свет донесе уште еден пар близнаци – момче Анхел и девојче Бела, но момчето, за жал, почина кратко по раѓањето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Во документарниот филм, неговата девојка Георгина Родригез признава дека Кристијано има строги правила на воспитување, па таа и целото семејство понекогаш се радуваат кога фудбалерот е отсутен, бидејќи тоа значи дека тогаш можат да јадат пица.

Ова се правилата што ги почитуваат децата на Кристијано Роналдо:

1. Најстариот син на Кристијано Роналдо тренира фудбал секој ден, и тоа по неколку часа. Се тушира со ладна вода и не јаде брза храна, по совет на својот славен татко.

2. Во куќата на Кристијано Роналдо нема место за брза храна. Тие јадат исклучително здрави оброци кои вклучуваат овошје и зеленчук, додека благото е непожелно. Не консумираат газирани пијалаци, пијат многу вода во текот на денот и целото семејство вежба.

3. Ако случајно изедат нешто благо, децата на Роналдо мора да вежбаат. Во август 2016 година, Роналдо објави видео на кое тогаш 6-годишниот Роналдо Јуниор трча на трака за трчање и вели: „Јадевме сладолед, сега време е да вежбаме.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

4. Во куќата на Кристијано Роналдо не се штеди на образование. Децата се запишани во престижни училишта, кои чинат милиони.

5. Богатството им е на дофат на раката. Каде и да одат, на децата им се достапни приватни базени, јахти, пространи соби, простории за играње – само најдоброто.

6. Физичката активност и исхраната на Роналдо не се единственото нешто што неговите деца мора да го следат, тоа се однесува и на личната хигиена. Па така, тој еднаш сподели видео на Инстаграм во кое проверува дали сите негови деца си ги измиле рацете пред јадење.

Емотивно интервју на Кристијано Роналдо: Фудбалерот прозборе за загубата на синот! (ВИДЕО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.