5 мудрости на еврејските жени: Еве зошто важат за омилени мајки и сопруги!

Сакани мајки

За еврејските мајки се вели дека се омилени, децата ги обожаваат, а сето тоа се должи на нивните систем на воспитување

Ви откриваме 5 начина на воспитување што ги практикуваат еврејските мајки и поради кои се омилени кај своите поколенија…

1. „Тоа е само дете“

На еврејските деца им е дозволено да прават сè: да јадат со валкани раце, да ги бојат масите и мебелот, да ги валкаат ѕидовите… За еврејските мајки не постои ништо поважно од нивното дете – на децата сè им е дозволено.

Израелските семејства се вистински рај за децата; тие смеат да ја скршат најновата играчка, да расфрлаат листови хартија наоколу, да викаат со сета сила. Никој ништо не им замерува. Филозофијата на еврејските мајки гласи: ако не го направи тоа во детството, кога детето ќе живее слободно и безгрижно?

2. „Секако дека да. Сè може!“

Еврејската мајка смета дека нејзина света должност е да му купи на детето сè што ќе посака. Нема никакви шанси да го одбие своето дете за нешто. Ако детето посака бонбони, мајката ќе му купи килограм или два! Дури и ако детето е алергично на благо, дури и ако има кариес, дури и ако дома имаат 10 килограми од истите бонбони.

Жителите на Израел цврсто веруваат дека мајката што одбива да му купи на детето сè што тоа ќе посака, не е достојна да се нарекува мајка.

3. „Ти си најдобар на мајка…“

Сите еврејски мајки живеат во апсолутно уверување дека нивното дете е најталентирано, најубаво и најдобро. И што е најважно, никогаш не забораваат да му кажат тоа на своето дете неколку пати дневно.

Веројатно претпоставувате дека самодовербата на овие деца е огромна. А што ако згрешат? Па ако направат грешка – тоа е нормално, бидејќи децата грешат. Ако детето го исцртало ѕидот со бои, мајката само ќе каже: „колку убаво го направи тоа, злато мое!“

4. „Можам сама“

Можеби ќе се изненадите кога во Израел ќе видите тригодишно дете како се обидува да исечка месо со нож. Еврејските мајки ја поттикнуваат иницијативата на нивните деца, нивната независност. Можеби ова е нормално, бидејќи еврејските мајки имаат само три месеца породилно отсуство. Потоа, децата ги испраќаат во јасли или кај баба им. Но еврејските мајки никогаш не брзаат да го одвикнат своето дете од доење или носење пелени.

5. Тие се смирени и не обрнуваат внимание

Во Израел не е прифатено да се караат децата, а камоли да се казнуваат. Ако му свикате на детето, може да добиете опомена од минувачите или може социјалната служба да ви тропне на врата. Во Израел тоа се смета за потиснување на личноста на детето. Ако не сакате јавноста да ве осудува, вооружете се со јаки нерви.

Еве како да дознаете дали си имате работа со подла личност: Еврејска мудрост!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.