3 родителски навики што се вкоренети кај Македонците: Поради ова девојчињата не можат да препознаат насилство и насилници!

Воспитување

Ниту еден родител не сака неговото дете да стане жртва на сексуално насилство или каков било вид на насилство

Што е тоа што го спречува детето да му каже „не“ на насилникот?

Додека од една страна го учиме детето како треба да му се спротивстави на насилникот, од друга страна истото дете го учиме да ги почитува следниве обичаи: „Прегрни ја баба ти“, „Прегрни го дедо ти“, „Бакни го чичко ти“, „Кажи ѝ благодарам на тетка ти“…

Сите родители ги принудуваат своите деца да ги прегрнуваат роднините или пријателите (можеби и некои што детето тогаш првпат ги гледа), дури и ако децата не го сакаат тоа. Сетете се само колку пати сте му го направиле тоа на вашето дете?

Која е последицата од оваа навика?

Сме го поттикнале детето да верува дека за физички контакт не е потребна согласност.

Сите сме свесни дека сексуалните контакти може да се оценат како доброволни или како присилени. Ако детето отсекогаш е навикнато да трпи непријатна прегратка, како ќе научи да каже „не“?

„Мора да го облечеш тоа!“

Често се случува детето да не сака одредена облека или обувки, па дури и фризура, но мајката сака нејзиното чедо да изгледа токму така. И колку повеќе се буни девојчето, толку поупорна станува мајката. Таа замислила дека ќерка ѝ ќе носи фустан и неа не ја интересира тоа што нејзиното дете повеќе сака панталони. На крајот, тоа завршува така што мајката го принудува детето да го прифати она што не го сака.

Што направивме со ова?

Го тераме детето да го сака она што инаку не го сака. Го тераме да облекува фустани, иако му поудобно во панталони. Ја тераме да носи цврсти сплетени плетенки, иако ја боли главата. Детето тогаш сфаќа дека „другите подобро знаат што е добро за мене“.

„Ништо не ти е, ајде стани…“

Детето паднало и плаче. Го боли. А мајката му приоѓа и вели: „Добро си, добро си, ништо не ти е… Ајде стани, сѐ е во ред.“

Оваа фраза длабоко се врежува во мозокот на девојчињата, а подоцна и жените. Тие подоцна не можат да го препознаат непријатното сексуално искуство како насилство.

Фразата „сѐ е во ред, ништо не ти е“, спречува многу жени да препознаат сексуално насилство.

Целиот свет мисли дека шведскиот модел е најдобриот начин на воспитување деца: Сè што е дозволено кај нив, кај нас е незамисливо
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.