3 причини за уживате со бебето во природа

Бебињата на воздух примаат повеќе дразби и информации, што, според студијата објавена во Европски журнал за општествени науки, образование и истражување, го поттикнува развојот на интелигенцијата и говорот.

Сончевата светлина придонесува за воспоставување правилен ритам на будност и спиење. Една студија потврди дека бебињата помали од 13 недели, кои добро спиеле за време на ноќта, во текот на денот поминувале двапати повеќе време на отворено.

Децата што почесто уживаат во природа имаат посилен имунолошки систем, за што придонесува изложувањето на нестерилни услови. Практичен начин да уживате со бебето во природа е оној со помош на носилка во која можете да ја изберете неговата омилена положба – легната, полуседната, седната, свртена со грб…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.