3 домашни лекови што можете да му ги дадете на детето кога ќе тргне во градинка: За силен имунитет и тело отпорно на вируси!

Пробајте!

Направете сѐ што можете за да го зајакнете детето пред да тргне повторно во градинка

Позната ни е приказната дека децата до третата година немаат имунитет, односно дека ќе ги „закачуваат“ сите вируси, без разлика дали ги праќате во градинка или ги чувате под стаклено ѕвоно. Точноста на оваа теорија многу родители ја искусиле од прва, но и од втора рака.

Како што пандемијата на коронавирус полека стивнува, нѐ очекува отворање на градинките. Еве што можеме да направиме за да го заштитиме детето од вируси и максимално да му го зајакнеме организмот…

1. Мед со прополис

Најдете и купете мед со прополис или мед со матичен млеч. Придржувајте се до упатствата и давајте му го на детето овој природен лек секое утро пред да излезе надвор со други деца. Прополисто е познат природен антибиотик и антивиротик. Велат дека го убива сето она што му пречи на здравото тело. Матичниот млеч е богат со витамини од групата Б, како и со витамин Ц, а најсилен е кога се меша со мед и така најчесто се консумира.

2. Масло од диво оригано

Овој природен антисептик, пулмолозите често го препорачуваат наместо антибиотик. Исклучително е силен и горчлив, па посоветувајте се со лекар пред да му дадете на детето капка од ова лековито масло. Освен што успешно лечи и спречува респираторни болести, овој лек помага и за подобра работа на цревата, а познато е дека речиси сите болести произлегуваат токму од стомакот.

3. Сируп од овес

Станува збор за домашен сок од овес кој се прави така што на 6 шолји (200 мл) неизлупен, домашен овес, се става исто толку шеќер и вода, па смесата се вари околу 20 минути. Откако ќе се олади, се процедува и му се дава на детето 40 дена, секое утро. Освен што им помага на децата да го исфрлат секретот од белите дробови, овој домашен сируп ќе го зајакне детскиот организам до максимум!

Еве како да препознаете дете на родители алкохоличари: Знаците се гледаат на километар!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.