ТОЛКУ ТОПЛИНА, ТОЛКУ ЉУБОВ Кејт објави прекрасни фотографии со децата: Британското кралско семејство денеска слави, но и тагува затоа што НЕКОЈ недостасува

„Среќен Ден на мајките од нашето семејство до вашите семејства“, пишува на профилот на Кенсингтонската палата во чест на денешниот празник во Велика Британија.

Честитката е објавена покрај фотографиите на Кејт Мидлтон и нејзините деца.

Принцезата од Велс, која ги уредува профилите на своето семејство на социјалните мрежи, објави две слики. Во првата е со принцезата Шарлот и принцовите Џорџ и Луис, кого го држи за рака.

На втората слика се Кејт и најмладиот Луис Артур Чарлс, кој често го краде вниманието на јавните настани со пакостите и преслатките гримаси.

Британското кралско семејство го слави овој прекрасен празник, посветен на мајките, но овој ден е тажен за дворот бидејќи е прв Ден на мајките без кралицата Елизабета Втора по многу години.

Фото: Твитер, Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.