Татко пронашол генијален трик да се одмори покрај своите деца – Ова е „изум“ на векот

Пробајте го и вие

Доколку сте родител тогаш многу добро знаете дека обврските можат да ве исцрпат. Доаѓате од работа, ве чекаат децата, готвење, подготвување…

Како да не посакате малку да се одморите, барем половина час? Меѓутоа, за многумина тоа е незамисливо, но еден исцрпен татко од Колорадо пронашол совршено решение.

„Јас ќе се грижам за децата, а ти оди да пазаруваш на мир“, и рекол на својата сопруга Моника.

Кога се вратила од пазар Моника имала што да види.

Тој е најгенијалниот тип кој сум го запознала. Им рекол на децата да направат реалистична слика од него како позира дури спие. Победникот ќе добие чоколадо, но да бидеме искрени тој е победникот“, напишала покрај фотографијата која ја направила кога се вратила дома.

Моника подоцна за некој локален портал објаснила дека нејзиниот сопруг тогаш само што се вратил од ноќна смена на работа. Со оглед на тоа дека надвор било ладно и врнело снег, мислел дека подобро е таа да оди да пазарува.

Кога дојдов дома, го повикав моето најстаро дете да ми помогне, а тој ми рече дека мора да бидеме тивки затоа што прават реалистична слика и доколку нивниот татко се помрдне целиот нивни труд ќе пропадне“ , раскажала жената.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.