Таа била вистинска убавица: Ќерките на Орнела Мути ја немаат истата среќа

Убавица

Само еднаш се раѓа ваква убавица

Орнела Мути е италијанска актерка родена во март 1955 година во Рим. Оваа безвременска убавица наполнила 64 години.

Оваа неверојатна жена е модна икона која и помладите ѕвезди со задоволство ја имитираат. Таа е мајка на три деца, две ќерки Ника Ривели и Каролина Факинети и синот Андреа Факинети.

Во 1974 година ја родила ќерката Ника. Бидејќи Орнела не била омажена, никој не знаел кој е таткото на детето, а таа не сакала да открие.

Ника е актерка, манекенка и пејачка. Бунтовничка што ја сака слободата и го живее животот според свои правила. Се зборувало дека не е во најдобар однос со мајка и’ и тоа токму поради нејзиното бунтовничко однесување.

Каролина е смирена жена и мајка на две деца. Малку се знае за неа. Додека, пак, нивниот помлад брат живее исто како постарата сестра, диво и слободно, но тоа веројатно повеќе им се простува на мажите отколку на жените.

Децата на оваа убавица неколку пати се обидувале да стекнат светска слава, како нивната мајка, но никогаш не успеале во тоа. Италијанските медиуми често ја бараат нивната мајка во нивните лица, бараат знаци на безвременска убавина.

Изгледа дека не е лесно да се биде дете на Орнела Мути.

Често излегуваат фотографии од Орнела со ќерките, заедно со коментарот: „Мајката изгледа подобро од ќерките!“.

Паметната и убава Орнела Мути, и покрај годините, и понатаму плени со својот изглед. Сите велат дека старее достоинствено и убаво, што не може да се каже за нејзините ќерки.

Додека многумина прашуваат за тајната на нејзината младост, Орнела само се смешка и молчи. Вистината е дека често посетува пластични хирурзи, кои успеале да го сочуваат нејзиниот младешки изглед.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време