Слика и прилика на Елизабета Втора: За неа велат дека е копија на покојната кралица, а причината е повеќе од очигледна

Иста е како прабаба ѝ

Принцезата Шарлот се појавила на погребот на кралицата Елизабета првпат носејќи мал црн шешир на главата. Сите будно го следеле секој нејзин чекор, а оние што ја познаваат велат дека неверојатно личи на покојната кралица

Во поворката на погребот на кралицата, покрај принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, стоеле и нивните две поголеми деца, принцот Џорџ (9) и принцезата Шарлот (7), додека принцот Луис (4) останал дома со дадилката.

Најголемо внимание привлекла малата Шарлот, која според многумина е слика и прилика токму на кралицата Елизабета. Од моментот кога се роди, па до денес, луѓето не можат да поверуваат како е возможно детето толку да личи на покојната прабаба.

Самата Кејт има кажано дека Шарлот е главна во нивната куќа.

Што знаеме за принцезата Шарлот?

1. Шарлот е трета во редот за престолот, веднаш зад татко ѝ Вилијам, а потоа и брат ѝ Џорџ.

2. Кејт и другите домашни Шарлот ја викаат Лоти, а Вилијам ја вика „мињонет“, што во превод од француски значи „слатка“.

3. Шарлот обожава гимнастика, а Кејт на новинарите им открила дека секојдневно прави колут напред и назад, стој на раце и слично.

4. Шарлот обожава животни, а како и на нејзината покојна прабаба, на Шарлот омилени ѝ се кучињата. Принцезата е и страстен јавач и почнала да јава коњи кога имала само 17 месеци.

5. Кејт и Вилијам им откриле на новинарите дека Шарлот обожава да се шегува. Често вели дека има 16 години и дека ќе се однесува како што сака.

6. Шарлот знае да зборува и шпански јазик, и тоа благодарение на нејзината дадилка.

Најслатките изданија на малата бунтовна принцеза: Шарлот ги наследила убавината и шармот од мајка ѝ, а карактерот од чичко ѝ Хари!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.