Шарлиз Терон: Еве со кого холивудската актерка одмора во Хрватска (ФОТО)
Ретка фотографија
Шарлиз Терон (44) веќе една недела ги „полни батериите“ на хрватското приморје. Откако минатата недела одмораше на островот Хвар, оваа одлучи да го посети Дубровник.
Оттаму, оскаровската споделува фотографии на својот инстаграм-профил, меѓу кои и ретко видена фотка од својата 3-годишна посвоена ќеркичка.
Инаку, популарната актерка последен пат објави фотографии од своите ќерки во 2016 година.
Но овој пат не ги заборави ни своите пријателки со кои ужива во хрсватската ривиера.
Фото: Инстаграм
Извор: Storry.rs