Семеен одмор: Пипа Мидлтон го покажала двомесечниот син и совршената фигура

Активен одмор

Одморот на рајскиот остров е нивното прво патување во тројка, откако сопружниците станале родители на момчето Артур Мајкл Вилијам

Пипа Мидлтон, сестрата на британската војвотка Кејт Мидлтон, моментално е на одмор со сопругот Џејмс Метјуз и двомесечниот син на карипскиот остров Сен Бартелеми, омилената дестинација на богатите и славните.

Папараците не пропуштиле да го фотографираат одморот од соништата на Пипа Мидлтон и сопругот. Ова е нивното прво патување во тројка откако станале родители на момчето Артур Мајкл Вилијам.

Покрај тоа, настанале и првите фотографии на кои јавноста има можност да го види двомесечниот наследник кого мајката цело време го носела во раце.

Сестрата на британската војвотка Кејт Милдтон нема мир ни на одмор, па затоа решила да го помине активно. Во друштво на пратот на Џејмс, Спенсер, и неговата сопруга, парот одел на долги прошетки и планинарење.

Како што можеме да видиме од фотографиите на плажа, Пипа само два месеца по породувањето успеала да си ја врати совршената фигура.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.