Првпат се појавила со синот што го изгубила кога имал 8 години: Причината за раздвојувањето на мајката и детето е бизарна!

Шерон Стоун

Шерон Стоун има раскажано сѐ за својот приватен живот, освен за синот што го изгубила кога имал 8 години

Холивудската дива и секс-симбол Шерон Стоун, пред две години на доделувањето награди од магазинот Harper’s Bazaar во Мадрид, првпат се појавила со синот Роан Џозеф (21), кого го изгубила во борбата за старателство кога имал само 8 години.

 

Роан, кој исто така се занимава со глума, првпат се нашол во центарот на вниманието на само 8 години, поради битката за старателство што ја воделе мајка му и татко му. Имено, за време на судењето, било откриено дека актерката сакала да му вбризга ботокс во стапалата на синот, за да го спречи ширењето на непријатен мирис, што речиси ги уништило сите шанси да добие целосно старателство. Имено, ботоксот често се користи во медицинската пракса за спречување потење или во стоматологијата, поради проблеми со вилицата.

Судијата ја осудил нејзината реакција како „претерана“, бидејќи тоа на Роан би му предизвикало вистинска болка.

Инаку, Шерон и поранешниот сопруг, новинарот Филип Бронстин, го посвоиле Роан за време на бракот во кој биле од 1998 до 2004 година.

Интересно е што Шерон Стоун е позната како гласна противничка на естетските операции и заговорничка за достојно стареење. Во интервјуто за мајското издание на шпанскиот магазин „Ел“, актерката нагласила:

„Пропаднав во важни аспекти, поради своето здравје, браковите, но живеев за да раскажам приказна“.

Раскажала дека имала мозочен удар од што со години закрепнува.

„Мислам дека моето зрачење исчезна, но можеби убавината и магнетизмот не исчезнале. Тоа потекнува од здравјето, благосостојбата и младоста, а носи самодоверба. Кога се занимавате со оваа работа во која сите почнуваат да ви велат дека веќе го немате, почнувате да верувате во тоа“, додала актерката.

Но Шерон Стоун, која првпат на големиот екран се појавила во филмот на Вуди Ален Stardust Memoris во 1980 година, не ја красат само убавина и талент, туку и интелект. Интересно е што актерката има коефициент на интелигенција 154, а во второ одделение во основно училиште се запишала на само пет години. Освен со кариерата, актерката може да се пофали со диплома за креативно пишување, која ја стекнала на Универзитетот во Пенсилванија.

Таа е во одлична форма и во седмата деценија од животот, што е неверојатно со оглед на тоа што во 2001 година актерката доживеала тежок мозочен удар, по кој лекарите ѝ дале само пет отсто шанси дека ќе преживее. Актерката ги криела од јавноста здравствените проблеми, повторно учела да чита, пишува, да зборува и да оди. На крајот, проговорила за својата состојба за да им помогне на другите.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.